Борисов му се налути на Мицкоски: Сега веќе не можете да сметате на нашата поддршка

t

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов им порача на македонските власти дека мораат да ги почитуваат меѓународните договори. Тој рече дека ќе иницира средба со новоизбраниот македонски премиер, Христијан Мицкоски.

„Договорите, особено меѓународните и вткаени во преговарачката рамка на ЕУ, се почитуваат“ рече Борисов, обраќајќи му се на премиерот на РСМ, Христијан Мицкоски, објави БГНЕС.

Ова следи откако Мицкоски пред неколку дена коментираше дека треба да има повторно преговарање за францускиот предлог, кој беше предуслов за почеток на преговорите и укинувањето на ветото од Бугарија на патот кон членството на Македонија во ЕУ.

Борисов изјави дека и покрај добрите односи меѓу него и партнерите во ЕУ, договорите мора да се почитуваат.

„Какви било толкувања не се добри за колегите од Северна Македонија“, оцени Борисов.

Тој нагласи дека доколку има редовен кабинет ќе иницира средба со Мицкоски.

„Без нашата и поддршката на Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ. Сега нека бидат одговорни. Како што ја добија нашата поддршка, сега веќе не можат да се потпрат на неа“, категоричен е лидерот на ГЕРБ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судијата Георгиев побара колегите да поседат во…

Врховниот судија Наке Георгиев, кој е во…

Тешка сообраќајна несреќа: Се судриле трактор и…

На  06.08.2024 во 04.45 часот во Полициската…

Добар пример кој го воодушеви регионот: Момче…

Косовските медиуми го фалат гестот на 12-годишник…

Протест на Србите во Северна Митровица: За…

Србите од северот на Косово денеска се…

Детали за пожарите низ Македонија: Гори речиси…

Регионалниот ЦУК Битола, известува дека на Плакенска…