Тешка сообраќајна несреќа: Се судриле трактор и автомобил, едно лице е повредено
На 06.08.2024 во 04.45 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на патот од с.Јосифово кон с.Пирава, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор ,,имт 533″ без регистарски ознаки, управуван од Р.М.(44) од село Јосифово, валандовско и патничко возило „фолксваген шаран” со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.П.(69) од Кавадарци.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничката од возилото „фолксваген шаран” И.П.(69) од Кавадарци и сопатничка од тракторот Ѓ.М.(37) од село Јосифово, додека со телесни повреди се здобила уште една малолетна сопатничка од тракторот, констатирани во здравствена установа. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Валандово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен e возачот по трагедијата во која…
Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…
Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…
Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…
(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…
Возачот кој утрово со својот автомобил слета…
Пронајден е автомобил за кој се сомнева…
Одделот за криминалистичка полиција и Вишото јавно…
Идентификуван напаѓачот во Модена: 31-годишник повреди седум…
Во вчерашниот инцидент во италијанскиот град Модена…