Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и Мицотакис ми е „сестра“, кога ќе се скараш со двете сестри ништо добро не те чека
Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски сме сестринска партија, но и со грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис сме „сестри“, ние сакаме да се почитуваат договорите, порача денеска поранешниот премиер на Бугарија и лидер на ГЕРБ Бојко Борисов
-Ние сме сестринска партија иако тој збор не ми се допаѓа многу, јас да сум сестра, и на тој начин и Мицотакис, премиерот на Грција ми е сестра. Кога наеднаш ќе се скараш со двете сестри, кажувам лаички оти не ми се допаѓа, пак браќа е многу јако, ништо добро не те чека. Ние сакаме да се почитуваат договорите и сите други интерпретации не се добри за колегите од Северна Македонија, рече Борисов кој можно е да биде премиер во бугарската влада.
Мицкоски денеска изрази подготвеност да седне на маса со бугарскиот претседател Румен Радев и со Борисов, доколку повторно стане премиер, но посочи дека изнаоѓањето решение е двонасочна улица и дека ние не можеме да бидеме добри соседи ако немаме меѓусебно почитување. Не е добрососедство, потенцира тој, ако едната страна е понижена, а другата ликува. Овој народ, вели Мицкоски, „направи многу за европската иднина и очекува Европа да му врати на народ и на државата“.
-Јас жалам што од страна на нашиот источен сосед доаѓаат вакви пораки. Јас мислев дека ваков тип на анахрони пораки се дел од средниот век, но за жал ете во современа Европа во 21 век во Европа сепак постоеле вакви политичари како што вие го цитиравте (Радев). Јас сум подготвен да седнам и покрај тоа и да разговарам и со едниот и со другиот. Јас му посакувам на господинот Борисов да ја формира Владата во Бугарија бидејќи ние доаѓаме од Европската народна партија и логично е јас да посакувам нашиот источен сосед да има премиер кој доаѓа од истото семејство. Тоа не треба да имате дилема. Но исто така мојата порака е дека поминаа времињата кога овде кај нас имаше политичари кои беа сервилни, кои што виткаа кичма, кои што коленичеа, потпишува се и сешто што им беше ставено на маса. Од друга страна во името на европското знаме го ограбуваа народот, ја засрамуваа и понижуваа својата татковина, рече Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…
Во Радуша никнува нов парк, но не…
Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…
Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа
Во земјите од регионот денеска се активирани…
Цените на недвижностите и кириите во ЕУ…
Во последната деценија и половина, пазарот на…
Грчките здравствени власти предупредуваат на наглото зголемување…
Властите во Грција предупредуваат на зголемено ширење…