Објавено на:

Босна протестира по монструозното убиство на Низама

t

Почнаа протестите во Босна мотивирани од крвничкото убиство кое вчера во живо го емитуваше Нермин Сулејмановиќ. Тој монструмски ја претепа сопругата Низама Хекимовиќ а потоа ја уби додека во истата просторија беше и нивното бебе кое го остави живо. Сулејмановиќ потоа си го одзема животот кога беше фатен од полицијата.

Настанот го вознемири Балканот а во Босна и Херцеговина на пладне почнаа протести. Последната објава на Низама на социјалните мрежи е фотографија од стапалцето на бебето со нежна, мајчинска порака.

„Се плашев за себе и за своето дете“, „Стоп за насилството над жените“, „Бараме одговорност од полицијата“ се само некои од транспарентите кои ги истакнаа присутните на протестот. Жената го пријавила насилникот во полиција, но судотт не му издал привремена мерка за неприближување што резултираше со тоа само 4 дена по пријавата Сулејмановиќ да ја убие Низама.

На видеото кое беше емитувано во живо на неговиот Инстаграм, Сулејмановиќ ја тепаше Низама и ја прашуваше зошто го пријавила во полиција.

-Се плашев за себе и за своето дете, едвај одговори таа по што Сулејмановиќ стави пиштол на нејзиното чело и ја застрела. 

Потоа уби и соседи со кои бил во лоши релации (татко и син) а рани една жена и еден полицаец.

Нерма Шариќ, организаторка на протестот за Н1 вели дека очекува да се имплементира Истанбулската конвенција од првиот до последниот услов.

-Босна и Херцеговина ја ужива титулата „прва потписничка на оваа конвенција“ а ние овде дојдовме за тоа што дојдовме. Истанбулската конвенција споменува термин родово засновано насилство па од овој плоштад би порачала дека улогата на мажот не е да биде силеџија а жената жртва, ниту државата да се однесува како тие работи да не не засегаат нас како општество! Ве молам трагичните случаи да бидат повод да градиме поздраво општество, рече Шариќ.

Миралем Топаловиќ вели дека мора да се разбудат оние кои спијат и оваа трагедија да донесе промени.

-Несфатливо е дека судијата го направил тоа што го направил. Системот мора да се промени. Овде потфрли државата. Овој крик мора да се чуе надалеку и мора да се разбудат сите кои работат во областите за заштита на жртвите и да се грижат за нас граѓаните. Човекот вчера половина час се шеташе слободен, влегуваше во кафулиња, никој не реаираше, рече Топаловиќ.

Тој додава дека како општество, допрено е дното и дека на децата идоли им се „мангупи“ кои се паркираат кај сакаат и луѓе што прават масакри.

-Ако државата не ги спречи, тогаш нема да има држава. Ни забегуваат децата, додаде Топаловиќ.

Во Градачац е прогласена тридневна жалост.

Извор N1 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се огласи Албанецот осомничен за убиството на…

Артан Хајризи негираше дека е вмешан во…

Погребан матичниот лекар Ацо Трпковски, нема осомничени…

67 годишниот Ацо Трпковски – матичен лекар…

УБИЕНОТО ДЕТЕ ВО ПРИЛЕП ИМА САМО 14…

Момче на 14 годишна возраст синоќа околу…

Бизарен случај: Уапсен Босанец откако синот хомосексуалец…

Граѓанин на БиХ завршил во регионалниот суд…

Српската полиција на нозе, се контролираат сите…

Веста за бруталното убиство на Вања не…