Бојкот се поизвесен – Таравари дециден: Не ја поддржуваме иницијативата за референдум!
Реториката на ВМРО-ДПМНЕ може да ја остави без партнер во албанскиот политички блок. Вршителот на должноста претседател на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, синоќа во емисијата „Патот кон“ на Алсат изјави дека нејзиниот антиевропски речник ќе ја оддалечи Алијанса од можноста за коалицирање.
„Никако, не ја поддржуваме иницијативата на ВМРО за референдум бидејќи тоа не оддалечува од евроинтеграцискиот пат на земјата. Не сакаме ни да слушнеме за тоа. Ако ВМРО-ДПМНЕ продолжи со овој вокабулар, тоа ќе не оддалечи од соработката. Ние не сме против македонскиот идентитет. Ако го напуштите евроинтегративниот пат, го напуштате македонскиот идентитет. Нема кој да им помага на Македонците повеќе од НАТО и ЕУ “, изјави Арбен Таравари, в.д. претседател на Алијанса за Албанците.
Таравари во „Патот кон“ го повтори ставот дека АА нема да поддржи уставни измени се додека определбата од 20 проценти не се отстрани од највисокиот правен акт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу…
Во просториите на општина Гостивар попладнево се…
Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…
Во просториите на општина Гостивар попладнево се…
Изет Меџити ја повикува Алијанса за Албанците…
„Јас сум убеден дека ако останат со…
Русија и Кина формираат енергетска алијанса
Русија и Кина се во процес на…
Таравари избран за редовен професор на Meдицинскиот…
Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен…