Браво, ама ја решивте работава… Замачкани дупките на оштетените столбови во зграда во Штип – Проверил ли некој дали зградата е стабилна?!
Во зграда во Штип се оштетени три носечки столбови за да се постават клима уреди. Столбовите се со дупки за да може да се постави клима уред, а на фотографиите се гледа и арматурата на столбот.
Како што пренесоа гледачи на Инфомакс, случајот е пријавен и до Општината и до Центарот за управување со кризи, но и по два месеци од пријавата никој не реагира.

Се работи за зграда на улицата Енгелсова во штипската населба 8 Ноември.
Неколку денови по обавите во медиумите некој „го решил“ проблемот со просто замачкување на дупките.

На фотографиите од претходно се гледаше дека столбовите кои се носечки се оштетени до степен да се гледа арматурата, која корозира при допир со кислород, а кој и да ги замачкал дупките не решил ништо бидејќи целата зграда се уште е во опасност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Разбојник нападнал и ограбил девојче во Штип
Во случај забележан во ист ден и…
Ќе ја казни ли некој Општина Штип…
Советникот во Советот на Општина Штип од…
(Видео) Ако не може општината, може Левица:…
Членовите на локалниот огранок на Левица во…
Жена ограбила книжарница во Штип
На 30.05.2025 година во 17.50 часот во…
Приведен возач во Штип: Пијан удрил во…
На 30.05.2025 година во 19.39 часот на…