Објавено на:

БРАВО: Голем интерес за македонскиот јазик на Универзитетот во Анкара – Ја сакаме и почитуваме Македонија!

t

Во Турцја, поконкретно во Анкара има голем интерес за македонистиката, а отворањето на нова Катедра за македонски јазик и литература и нов Лекторат по македонски јазик на Анкарскиот универзитет во Турција во текот на минатата година е многу значајна работа, вели раководителката на Катедрата за македонски јазик и литература на Анкарскиот универзитет, проф. д-р Мелахат Парс, во разговор објавен во новиот број на ревијата на Друштвото на писателите на Македонија, „Стожер”.

Во Турција има повеќе од 250 универзитети и не е лесно за кратко време да се отвори нова катедра – посочува Парс.

Вели дека големиот број на турски иселеници кои Македонија, кои ја сакаат и почитуваат земјата покажуваат особено голем интерес.

Меѓутоа сакам да кажам еден класичен пример. На промотивниот час на лекторот по македонски јазик, Дарко Темелкоски, еден студент од Катедрата за англиски јазик и литература изрази желба како изборен предмет да ја земе граматиката на македонскиот јазик. Сакам да подвлечам дека вакви заинтересирани студенти има и од другите катедри на Факултетот за јазици, историја и географија, раскажува таа.

Ја потенцираше и ангажираноста на прод д-р Неџдет Унувар и директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Таа додаде дека Катедрата за македонски јазик и литература на Анкарскиот универзитет, допрва ќе се развива и дека ќе се вложува во комплетирање на наставно-научниот кадар, а дека студентите на Катедрата ќе имаат можност да истражуваат во Македонија.

Би сакала и да го подвлечам фактот дека лекторот Дарко Темелкоски пред професорите и студентите на Факултетот за јазици, историја и географија одржа многу успешно промотивно предавање, вели Парс.

За отворањето на Катедрата и на Лекторатот по македонски јазик и литература вели дека се огромно богатство.

Ние имаме историски, јазични, литературни, културни и други врски и односи со Македонија и со Балканот, додава Парс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турција го блокира Инстаграм

Овој потег уследи по коментарите на турскиот…

Турција ќе ги заловува, но нема да…

Турскиот парламент усвои закон што налага сите…

Застрашувачка изјава на Ердоган: Турција би можела…

Турција би можела да влезе во Израел…

Силен земјотрес ја погоди Турција, се почуствува…

Земјотрес со размери од 4,8 степени според…

Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…

Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…