Браво: Калин Ивановски е полуфиналист во Куршумлиска Бања!
Македонскиот тенисер победи во два сета, но одигра исклучително тежок меч против Либанецот Хди Хабиб, кој траеше еден час и 44 минути. Во првиот сет и двајцата тенисери освоија по еден брејк, но ниеден не создаде предност, па мораше да решава тајбрјкот. Во него, Хабиб поведе со 5-1, сепак Ивановски направи неверојатен камбек и го освои тајбрекот со 8-6.
Во вториот сет рано се одлепи со 3-1, но го загуби брејкот, за да направи нов, во 12. гејм и да го заклучи мечот со 7-5. Хабиб е 531. на АТП-листата, но следниот противник на Ивановски сигурно ќе биде подобро рангиран од него, само прашање е кој. Дали осмиот носител, Романецот Чезар Крету, 422. на светот или, пак, четвртиот рекет, Украинецот Олександар Овчаренко, кој ја држи 416. позиција на АТП-ранкингот, но уште поважно, тој е партнер на Ивановски во двојки.
Веќе попладнево треба да играат заедно за пласман во финалето во дубл, Лајал од Естонија и Лок од Зимбабве и тоа со голема фаворитска улога, бидејќи се четврти носители.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватска ќе издвојува поголем буџет за одбрана…
Хрватска планира да ги зголеми средствата за…
Владата го одобри Бесник Ферати за заменик-директор…
На денешната седница, Владата го одобри назначувањето…
Кузеска: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа
Бидејќи и вака се пласира од страна…
Трамп: Израел нема капацитет да го уништи…
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека „секогаш…
Мелони објави дека достигнала 4 милиони следбеници…
Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, денес објави…