Браво! Преку операција на швајцарската полиција откриени повеќе од 2.200 педофили за неколку години
Повеќе од 2. 200 педофили се разоткриени ширум светот во текот на неколку години благодарение на операцијата „Нинџа желка“.
Швајцарската полиција вчера објави дека тајно ја започнала операцијата на Интернет во 2012 година.
Полицијата потоа добила информација дека лице кое живее во кантонот Аргау дистрибуирало „нелегален порнографски материјал“ под псевдонимот „Нинџа желка“ преку платформата GigaTribe, која овозможува анонимна размена на податоци.
Истата година истрагата доведе до апсење на човекот кој стои зад прекарот „Нинџа желка“.
Станува збор за 62-годишен Германец кој бил осуден во 2015 година, се наведува во соопштението на кантоналната полиција Аргау.
Швајцарската полиција тогаш решила да го искористи неговиот профил за да разоткрие други педофили.
„Тајната операција спроведувана на Интернет неколку години заврши со успех“, разоткриени се повеќе од 2. 200 педофили, соопшти полицијата во Аргау.
Апсења се извршени во Швајцарија, Хрватска, Бразил, Франција, Перу, Романија и Шпанија, се додава во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…
Бугари на големо купуваат имоти на Халкидики!
Бугарите плаќаат значителни суми за купување недвижности…