Братот на заменикот на Тошковски имал врски со радикални исламисти – Како Исени стана втор човек во МВР и дали има безбедносен сертификат?!
Не стивнуваат контроверзите околу „чесните кадри“ и „новите лица“ во Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.
Од директори затвореници, незаконски назначени директори, до блиски роднини на функционерите кои се членови на ИСИС… Низата продолжува со една од клучните безбедносни институции во државата, Министерството за внатрешни работи.
МВР се грижи за целокупниот поредок во државата, но како ќе се грижи ако за заменик на министерот е назначено лице чиј брат има блиски врски со исламски радикални структури?
Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, претходно ексклузивно објави дека Дритон Исени, братот на заменикот министер во МВР, Астрит Исени, не добил безбедносен сертификат во МВР поради блиски релации со исламски радикални структури. До овој момент информацијата не е демантирана ниту од Исени, ниту од МВР или било која друга институција во државата.
Дритон Исени инаку е правосилно кривично осуден за сторено кривично дело насилство во 2012 година, каде со автомобил преминал преку спуштена рампа, не сакал да плати патарина и заедно со уште едно лице нападнале службеници во ЈПДП, односно на наплатна станица со што предизвикале чувство на несигурност кај повеќе лица.
Во пресудата на Исени има детален опис на настанот:
– На 14.03.2011 година околу 22,00 часот на автотпатот Скопје – Куманово пред наплатна станица Романовце двајцата обвинети во група како две лица, а делото е извршено на повеќе лица, на начин што малтретирале друг, грубо навредувале, ја загрозиле сигурноста на повеќе лица и со тоа во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв на начин што движејќи се со п.м.в. марка Сеат Ибица со рег.бр.КУ 929-ДД во правец од Скопје кон Куманово при кое возилото било сопственост и управувано од обвинетиот Исени Дритон, при барање на овластениот работник да платат патарина, второобвинетиот со возилото ја поминал наплатната рампа при спуштена рампа без да плати, а кога овластениот работник оштетениот Д***** К******** излегол од кабината за да го идентификува возилото и настанот и телефонски да го пријави во полиција, двајцата излезени од возилото го навредувале и му се заканувале да не го пријавува случајот при што обвинетиот Бурхан тргнал кон оштетениот физички да се пресмета со него при што оштетениот чувствувајќи се загрозен со голема брзина влегол во наплатната кабина на неговиот колега оштетениот А********* Б*** и ја заклучил влезната врата при што првообвинетиот прво се обидел насилно да ја отвори вратата а откако не успеал, со удар со десната тупаница го скршил стаклениот дел од вратата при што стаклени парчиња летале на сите страни, и двајцата оштетени биле загрозени а од целокупната состојба се создала збунетост и страв при што излегол и работникот А******** Н**** од третата кабина и ги смирувал двајцата обвинети при што тие се качиле во возилото и заминале во правец на Куманово каде првообвинетиот барал здравствена интервенција во општата болница во Куманово со здравствена книшка на лицето Исени Астрит и од целиот настан се создал страв кај останатите патници кои поминувале во двата правци а исто така и кај целиот персонал на наплатната станица Романовце.
Со опишаното дејствие обвинетите Идризи Бурхан и Исени Дритон и двајцата од Куманово сториле едно кривично дело Насилство од чл.386 ст.2 во врска со ст.1 од КЗ, па со примена на овој член и чл.32,33,39,40,41, 49 и 50 од КЗ, судот на првообвинетиот му утврдува казна затвор во траење од 1 година, а на второобвинетиот казна затвор во трање 3 месеци па им изрекнува алтернативна мерка:
УСЛОВНА ОСУДА
Утврдената казна затвор во траење од 1 година за првообвинетиот нема да се изврши доколку во рок од 2 години не стори ново кривчно дело, а утврдената казна затвор во траење од 3 месеци за второобвинетиот нема да се изврши доколку истиот во рок од 6 месеци не стори ново кривично дело. Согласно чл.92 ст.1 а во врска со чл.89 од ЗКП обвинетите се задолжуваат да на судот на име судски паушал платат солидарно 4.000 денари во рок од 15 дена по правосилноста на пресудата а под страв на присилно извршување. Откако на странките им беше соопштена одлуката истите изјавија дека се откажуваат од право на жалба. – стои во пресудата.
Дритон Исени не добил безбедносен сертификат, но прашањето што се поставува е како Астрит Исени стана заменик-министер во Министерството за внатрешни работи и дали истиот има безбедносен сертификат, имајќи ги предвид релациите на неговиот брат со исламски радикали.
Веќе неколку пати се потврди дека Владата не ги проверува кандидатите за функционери. Инфомакс претходно ексклузивно објави дека новоназначениот в.д директор на затворот во Струмица бил пријавен за земање на мито од страна на затвореници, тука е и несудениот в.д директор на затворот Идризово, Ибрахим Ељези кој е осуденик за неовластена трговија со дрога и истиот бил затвореник во затворот во кој не му се посреќи да биде заменик директор. Дел од назначените заменици и директори на затвори исто така се осудувани, меѓу нив и директорот на затворот во Прилеп кој исто така е аболициран осуденик, а осуден е и неговиот заменик. Низата на промашени кадри продолжува, назначени се наставнички за директорки на затвор, а се почна од в.д директорот на Управата за извршување на санкции кој исто така е назначен спротивно на Закон. Тука е и спикерот Гаши кој се прослави со неодамнешното каубојско однесување на неговото обезбедување на скопскиот аеродром, чиј зет загинал како припадник на ИСИС.
Нејасно е како осуденици стануваат директори во затвори, нејасно е и како лица блиски до исламски радикални структури стануваат функционери, спикери, па во случајов и заменици министри во клучната безбедносна институција во државата, МВР.
Јасно е само дека овој брод изгледа како нема капетан…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Гранати, експлозиви, цел арсенал… Еве што…
Експлозив и оружје е најдено во Арачиново,…
Мицкоски ги замолил Грција и Бугарија за…
Христијан Мицкоски барал безусловна поддршка од Грција…
Тошковски се огласи за Груби: МВР има…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, преку…
Од МВР го потврдија грабежот на банка…
Околу 13 часот е пријавен обид за…
Тошковски на прашање на Инфомакс: Еден од…
На јавноста ѝ е познато кои двајца…