Бремените жени и постарите од 60 години да се ослободат од работа – Активирана фаза 3 од Акцискиот план за топлотни бранови
Од денеска се активира фаза 3 од Акцискиот план за топлотни бранови кој ќе трае до вторник (8 јуни).
На предлог на Министерството, Владата ги донесе следните препораки:
-Ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години. Оваа препорака не се однесува на вработени во критичната инфраструктура (здравство, полиција, армија, транспорт, енергетика, јавни комунални претпријатија).
-Одложување на работниот процес во критичните часови (11:00–17:00) за работници изложени на директна топлина;
-Работа од далечина, флексибилно или двократно работно време, каде што е изводливо;
-Работодавачите да обезбедат микроклиматски услови за работа согласно акцискиот план: простории со температура до 25°C, освен таму каде што природата на работниот процес налага поинаку;
-Активирање на планови за вонредни услови, сите здравствени установи, установи за згрижување на стари лица и образовни институции да постапат согласно интерните протоколи за кризна состојба.
„Мерките имаат за цел да обезбедат континуирана и ефикасна заштита на здравјето на населението преку превентивно дејствување и соодветна институционална подготвеност. Министерството за здравство заедно со сите надлежни институции, ќе продолжи со редовно информирање и спроведување на мерките, со цел заштита на здравјето на граѓаните“ соопштија од министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бремените жени и постарите од 60 години…
Од денеска се активира фаза 3 од…
Стапија на сила основните царини од десет…
Голем дел од стоките увезени во САД…
Владата утре ќе разгледува мерки за цените
Владата на утрешната седница ќе отвори дискусија…
Нема одлука за ограничување на маржите, опозицијата…
Владата вчера не ја донесе одлуката за…
Зголемени безбедносни мерки во Чешка поради можен…
Чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракусан…