Бренд концепти: Зипо – долговечен бренд

t

Зипо е топ бренд помеѓу компаниите кои произведуваат запалки. Запалката е задолжителен декоративен и функционален детал за мажите и жените со препознатлив имиџ и посебен стил. Тие што уживаат во благодетите на тутунот во форма на цигари или пури, каде и да одат со себе носат запалка. Не каква било запалка. Таа мора да е посебна, исклучителна и да одговара на имиџот. Токму таква е запалката Зипо. На почетокот, во раните триесетти години од дваесеттиот век, никој не верувал во идејата да се направи и продава запалка по цена од 1,95 долари, сума со која во тоа време можело да се прехрани цело семејство. Таа идеја на сите им изгледала несериозна и нереална. Но, Георге Г.Блаисдел верувал во идејата. Очајнички верувал! Што го терало да продолжи? Што и да било, морало да е многу јако. Тој знаел дека мора да успее. Заради неговото семејство и него самиот, Георге немал план Б, но со нескршлива волја и голема упорност, успеал.

Како Епл и Харли Дејвидсон и запалката зипо е бренд што привлекува култна лојалност од своите клиенти. Навистина, овие запалки собираат илјадници луѓе од целиот свет, а во САД дури и постои национален зипо-ден, кога повеќе од 7000 колекционери се собираат на зипо-конвенција.

Како една запалка за цигари стана култ?

Има еден одговор, а одговорот што го даде директорот на американскиот Саачи и Саачи Кевин Робертс во написот (“Верувајте во иднината“) за “обележјата на довербата“ во Фаст компани од септември 2000 год. е дека тоа е резултат на сензуалниот дизајн. Тој рече – “Сакате да го држите, отворите и затворите неговиот поклопец, да ракувате со него“. Исто како и со оригиналното шише на кока-кола, “еден друг производ што се држи во рака“ и во случајот на зипо, факторот на допирливоста не треба да се потцени. Зипо не е  само “запалка за цигари“. Напротив тој е нешто повеќе. Компанијата го рекламира велејќи им на клиентите “користете го за да придвижете нешто“.

Приказната за зипо започна со интересните случувања на американските војници за време на нивните воени дејствија кои преку интересни прераскажувања прераснаа во мит. Мит за брендот Зипо, кој одвреме-навреме, на филмското платно, се наоѓаше во рацете на Џемс Дин и Хемфри Богарт, а  во поново време и на Лајам Нисон. Сето ова постигнуваше ефект на посебен “зипо-стил“ на однесување на младите кога ја употребуваат запалката во најразлични ситуации.

За култниот статус на зипо битен е и еден друг клучен аспект: долговечноста. Оваа долговечност се нагласува преку жирантна гаранција која се дава за секоја запалка и која е наведена на нејзиното заштитно лого “Функционира или ја поправаме бесплатно“. На овој начин зипо стана синоним на сигурност и функционалност. Производот е траен и на друг начин: Зипо сосема малку се измени од 1932 год., кога Џорџ Г. Блејсдел одлучи да дизајнира запалка отпорна на ветар која ќе изгледа добро и ќе биде лесна за употреба. Низ годините запалката зипо остана скоро сосема иста, само со незначителни прилагодувања. Тоа значи дека првобитната идеја на зипо-запалката – отпорност на ветер – останала непроменета 90 години. Оваа постојаност значи дека зипо е веднаш препознатлив, бидејќи секоја од произведените 330 милиони зипо-запалки ги следи истите дизајнерски принципи. Од 1935 година Зипо започна со гравирање на запалките и лепење на метални плочки, со што само го подобри и така убавиот и допадлив дизајн.

Бидејќи има сè помалку пушачи, компанијата Братфор, која го произведува зипо, се соочува со стеснување на пазарот. Маркетарите на зипо-запалките увидоа дека им е потребна диверзификација и ширење на фокусот на “продажба на пламен“. За таа цел компанијата воведе долга тенка повеќенаменска запалка за свеќи, скари и камини.

Зипо, како повеќето култни брендови не требаше да плати милиони за  маркетинг или реклама од  позната личност за да го изгради своето име. Тој направи нешто попаметно. Излезе надвор од  времето. На тој начин влезе во вечноста.

Зипо: дефинитивно долговечен бренд!

Тајнина успехот

Долговечност.  Во доба на постојани нови откритија, зипо останува тврдоглаво сличен. Неговиот класичен дизајн не припаѓа на ниту еден период, а неговата животна гаранција ветува дека производот ќе функционира сè додека ви е потребен.

Безвременост. Чувството на безвременост ќе биде привлечно за главните клиенти на зипо, пушачите. На крајот, тие се потсетуваат на нивната сопствена  смртност со секоја кутија цигари. Брендот кој претставува  долговечност и безвременост е предодреден да привлекува. Илузорната, потсвесна надеж е што бесмртноста на брендот може едноставно да се истроши на корисникот на производот.

Факти за брендот:

Факт бр.1: Од своето основање во 1932 година Зипо произведе повеќе од 350 милиони запалки отпорни на ветар. Денес годишно се произведуваат 12 милиона зипо-запалки.

Факт бр.2: Зипо го презема својот прв чекор кон диверзификација со воведувањето на флексибилна челична џебна мерна лента од шест стапки во 1962 год.

Факт бр.3: Компанијата произведува Упатство за колекционери на зипо-запалки, Клубови за колекционери на запалки се организирани во Италија, Швајцарија, Германија, Јапонија и САД.

Факт бр.4:           Во светот постојат околу 20 клубови на колекционери на зипо-запалки, а 21% од купувачите на зипо воедно се и колекционери.

Сотир Костов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бренд концепти: Зипо – долговечен бренд

Зипо е топ бренд помеѓу компаниите кои…

Еден Стpaтег, една Струмичка Барбика и немopaлна…

Колумната е кратка приказна за селските и…