Бренд концепти – Курвоазје: мистериозен бренд

t

Бренд концепти(6.)

Курвоазје: мистериозен бренд

Големите статусни брендови се потпираат на голема мистерија, а еден од најмистериозните брендовие коњакот курвоазје. Еден дел од оваа мистерија е поврзан со самиот коњак, бидејќи точниот процес зад производството на златниот алкохолен пијалак е добро чувана тајна. Кон оваа мистерија придонесува и легендата за самиот Курвоазје. Брендот се протега наназад до почетокот на 19 век, кога трговецот со алкохолни пијалаци Феликс Курвоазје измисли пијалак и го дистрибуираше преку еден од најголемите трговци на  големо во Франција, семејството Галуа. Бидејќи семејството Галуа беше главен снабдувач на  вино и алкохолни пијалаци за империјалниот двор на Наполеон, самиот тој го посети во 1811 год., пред да се качи на својот брод за Св.Елена. Тој отиде таму за да ги проба вината и да види кои од нив може да ги понесе на своето патување. Откако проба коњак, купи неколку буриња, за да ги понесе со себе. Морнарите на бродот беа воодушевени и бргу го нарекоа пијалакот “бренди на Наполеон“.

Денес, поврзаноста со Наполеон сè уште се нагласува на шишето со зборовите “Le Cognac de Napoleon“, кои се испечатени со елегантно писмо под името на брендот, заедно со силуетата во логото и сензуалниот облик на шишето соодветно наречено жозефин.

Курвоазје сега стана синоним за коњак во 142 земји каде што се продава. Секоја година луѓето што го ценат квалитетот на наградуваниот пијалак пијат повеќе од 14 милиони шишиња (тоа е единствениот коњак кој некогаш ја добил наградата Prestige de la France, највисоката почест за секое француско вино или алкохолен пијалак).Меѓутоа, не е квалитетот на пијалакот што го квалификува за оваа книга, туку квалитетот на брендот, бидејќи како бренд тој се соочил и надминал една дилема.

Брендот Курвоазје секогаш значел луксуз и традиција. Проблемот е што луксузните брендови функционираат во свет кој е поинаков од оној во кој живееле пред 100,50, па дури и пред 10 години. Луксузот денес не се состои повеќе од класа или привилегија. Тоа е нешто што секој може да го купи, ако има доволно длабок џеб. Луксузот сега се состои од високомодерни брендови како Гучи и Луј Вуитон и аспиративниот имиџ на рок и хип-хоп записите.

Во 2000 год., Курвоазје започна американска кампања за маркетинг прикажувајќи го брендот како модна етикета, така што го стави брендот The Houce of Courvoisier на сликите на секси кожeни чизми. Задушливата слика на Курвоазје радикално се промени, додека луксузноста на брендот остана непроменета. Сега луѓето се исто толку среќни кога го пијат во трендовските ВИП-барови на Менхетен или во Париз, како што се во задушливите членски клубови.

Дека оваа промена на имиџот успеа, докажува неговaта привлечност во хип-хоп заедницата, каде го надмина кристал како врвeн статусен пијалак. Песната на  Баста Рајмс/Пи Диди од 2003 г. Pass the Courvoisier („Додај го курвоазјето“) успеа да го стори за коњакот она што хитот My Adidas („Мојот Адидас“) го стори за тренерките со три ленти во 1986 год. За овој вид промовирање, брендовите како Најки или Томи Хилфигер би платиле милиони, но Курвоазје не го чинеше ништо. Наместо тоа, тој ги потроши своите пари на создавање врски со модата, спонзорирање на Модната недела во Њујорк и поврзување со британскиот бренд за долна облека Ажант Провокатур за да дизајнира секси долна облека со “наполеонски“ вкус. “Курвоазје сега е гламурозен додаток“, вели Марсел Нобил, уредникот на Кул водачи на бренд (2003). “Автентичноста на курвоазје… обезбеди пијалакот да остане сопствен избор на коњак на оние кои ги знаеме“. Наполеон, тетеравејќи се околу винскиот подрум на небото, сигурно мора да  гледа надолу со пијана гордост.

Тајни на успехот:

Префинетост. Курвоазје е префинет производ, споен со префинет, самодоверлив бренд.

Прилагодување. Курвоазје успеа онаму каде што не успеаја традиционалните брендови. Се прилагоди на модерниот пазар, без да ги распродаде своите суштински вредности.

Мода. Преку блиската социјализација со имиња од високата мода, Курвоазје самиот стана дизајнерска етикета.

Факти за брендот:

Факт бр. 1: Сопственик на коњакот курвоазје и Алајд Домек.

Факт бр.2: Курвоазје сè уште созрева во рачно изработени дабови буриња. Курвоазје користи само француски лимузински даб, претпочитан од производителите на алкохолни пијалаци во целиот свет.

Факт бр.3: Курвоазје е признат како најдобар коњак во светот од многу стручњаци. Курвоазје користи само уњи бланк грозје, од четирите најпознати региони на Коњак: Grande Champagne, Petite Champagne, Borderies и Fins Bois.

Сотир Костов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еден Стpaтег, една Струмичка Барбика и немopaлна…

Колумната е кратка приказна за селските и…