Бренд концепти: Лореал – бренд со индивидуалност

t

Бренд концепти(7.)

Лореал – бренд со индивидуалност

Лореал е бренд-синоним за уникатна и неповторлива убавина на глобалното брендирање. Со перманентни истражувања на највисоко ниво ја создава иднината на убавината. Вредностите на брендот, како што се автентичноста, почитувањето и близината со жените и мажите, му овозможуваат да биде светски лидер во убавината. Негови портпароли се страстни и талентирани личности – икони од светот на културата, уметноста, модата и убавината. Извор на инспирација за дејствување на брендот се визите за убавина на жените и мажите од најразлична возраст. Филозофијата за дејствување на Лореал е дека секој, независно од годините, полот и потеклото, има своја вредност. Визијата која ја остварува во однос на убавината и извонредноста се состои од: стандарди на висок квалитет во работењето, луксузни пакувања на производите, иновативен концепт на продажните места и услугата, достапни до секого. Основна цел на брендот е да ја следи секоја животна етапа на сите жени и мажи. За таа намена создава голем спектар производи, кој одговара на разновидниот свет во кој живееме. Тоа го прави неприкосновен лидер на сегментот во кој дејствува.

Овој бренд го брани правото на убавина: право на секој вид убавина, право секој да се развива со достоинство и сигурност. Пристапот во работата брендот го заснова на наука, иновации и производи со висок квалитет. Стручните тимови на Лореал тестираат и пласираат визионерски и ексклузивни производи, едноставни за употреба. Мисијата на брендот е на сите да им овозможи пристап до ексклузивните производи што ги создава.

Без разлика дали овој бренд продава италијанска елеганција, француска убавина или њујоршка мода, тој успева да се најде во рацете на милиони луѓе од различни култури и тоа го прави подобро од кој било друг бренд. Започна како бренд кој предизвика револуција во козметиката. Лореал е бренд што ја пронајде синтетичката боја за коса и  бренд којшто прв произведе шампон без сапун. Преку лансирање на иновативни производи Лореал стана голем светски бренд во областа на козметиката и модата.

Инаку, брендот ја покажува својата страст за креативност и култура и со десетгодишното партнерство со фестивалот во Кан, најпрестижниот филмски фестивал во светот и со модните недели (fashion week) во големите светски метрополи, како што се Париз, Лондон, Њујорк и Милано. Ова партнерство е создадено од страста за филм и креација, вткаена во вредностите на Лореал.

Тајни на успехот:

Иновација. Големите брендови се лансираат преку иновација, а не преку адвертајзинг. Тоа може да дојде подоцна.

Индивидуалност. Лореал користи различни брендови за да привлече различни пазари. Тој не е како другите глобални брендови, нема “комплекс на господ“ и не покажува желба да го создава светот во сопствена, единечна слика.

Личност. Поради тоа што Лореал има различни брендови за различни пазари, тој не се плаши да ја нагласи нивната личност. Кај другите брендови, тенденцијата е да се разблажи нивниот идентитет како што се  прошируваат.

Консолидација. Лореал не лансира нови брендови само за да го направи тоа. Тој заработува на брендови кои веќе ги создал или стекнал преку внимателно одбрани пазари.

Националност. Многу брендови ја минимизираат својата националност поради страв од отуѓување на странските пазари. Лореал, од друга страна, ги нагласува националните, регионалните и други идентитети и ги поставува до името на брендот. Помислете на пример, на Мејбелин Њујорк или Лореал Париз.

Факти за брендот:

Факт бр.1: Лореал е светски лидер во козметика.

Факт бр.2: Лореал изработува повеќе од 3000 формули секоја година.

Факт бр.3: Секоја година 3,3% од продажбата на Лореал се инвестира во козметика и  дерматологија.

Факт бр.4: Лореал продава 85 свои производи секоја секунда.

Сотир Костов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бренд концепти: Лореал – бренд со индивидуалност

Бренд концепти(7.) Лореал - бренд со индивидуалност…

Еден Стpaтег, една Струмичка Барбика и немopaлна…

Колумната е кратка приказна за селските и…