Бренд концепти: СОНИ – Приказна за пионерски бренд
Бренд концепти(14.)
Сони: Приказна за пионерски бренд(прв дел)
Денес брендовите ја користат мудроста за да ја задоволат нашата потреба да бидеме современи и “во тренд“. Ова чувство на полето на високата технологија со години наназад ни го овозможува Сони. Овој бренд е јапонски и е светски лидер во електроника. Ненадминат е во вештините иновација и инженеринг при производство на вокмени и тринитронски телевизори. Иновациите му овозможија на Сони да заземе посебна позиција на пазарот на електронски уреди. Бројните изуми, од вокмен до плејстејшн, отсекогаш ја отсликуваа големата диференцираност на производите и на брендот во целост. Токму таа зголемена различност е клучот за успехот на Сони и тајната за моќта што ја има како исклучителен бренд.
Сони дневно продуцира четири идеи за нови производи. Познат е по својата култура наречена “Патот наСони“. Во основата на производствената и севкупна култура на Сони се вткаени директни и искрени комуникации, соработка и хармонија помеѓу субјекти во компанијата. Сето ова е резултат на претприемачко водство и бренд-код што бара иновативна технологија и масовен пазар. Во основата на сè, се утврдените вредности на Сони: развивање на јапонската култура, да се биде пионер, што значи да не се следат други, туку да се прави неможното и да се почитуваат и охрабруваат способностите и креативноста на поединците.
Инаку, Сони е приказна на Аико Морита и Масару Ибука, за тоа како од продавница за поправка на електрични апарати, во 1946 год. се создава компанија со сопствени брендови со име Сони. Приказната започна со производство на првиот касетофон (1950), продолжува со радио транзистор ТП-55 (1958 г.), па преку телевизори (1960 г.) и аудио апарати (рисивиери, грамофони, касетофони), се стигна до првиот видеорекордер во 1971 година, а другото, како што се вели, е историја.
Сони со децении го одеше својот пат на успехот, ја раскажуваше приказната за иновативните производи и дојде до највозбудливиот момент кога во 1979 година го лансираше својот најреволуционерен производ. Вокменот, можеби најпознатиот производ на Сони. Овој производ до ден-денес е најпопуларен и најпродаван електронски производ во историјата на производството на аудиоапарати(мора да се каже се до и-револуцијата на Епл, со ајмак, ајфон, ајпод и ајпад). Приказната продолжи, со ЦД-вокмен и мини диск, а сличен успех се постигна и со ДВД, хај-фај уредите и конзолите за игри-сони плејстејшн.
Во само половина век Сони, од инженерска истражувачка група, прерасна во една од најголемите, најкомплексни и најпознати бренд-компании во светот. Денес, Сони е присутен речиси насекаде. Вработува 160 000 луѓе и води бизнис на шест континенти. Неговите бизниси вклучуваат електроника, видеоигри, филмови, компјутерска опрема, музика. Сони е најуспешна компанија поради својата способност најдобро да ја види големата слика. Сони е првата компанија од Јапонија што се позиционира на Вол Стрит (1961 год.), а во 1988 год. го купи ЦБС-рекордс, а следната година и Колумбија Пикчрс Ентертеинмент(златниот период на јапонската технологија – кога ги купуваше компаниите од САД). Денес, Сони Мјузик Ентертеимент е најголемиот играч во музичката индустрија, а Сони Пикчрс Ентертеинмент произведе голем број филмови и хит-серии.
Сони, без сомнение, е еден од најздравите брендови во светот. Дел од тоа здравје се должи на пионерскиот дух на брендот, добиен од Акио Морита, а другиот дел се заснова на успешна маркетинг-филозофија и креативен и ефикасен брендинг.
Со Сони работите секогаш имаат смисла. Со него никогаш не сте сами. Сони го сакате безусловно. Функциите и стилот на Сони…is the top of the game!
Тајни на успехот:
⦁ Иновации. Сони дефинитивно е иновативен бренд. За тоа сведочат легендарниот Вокмен и Плеистејшн 1 и 2. Тие се еден вид ‘’сврзник’’ помеѓу компјутерите и аудио уредите со иновациите на забавната електроника. Брендот знае дека иновацијата е семожна, и настојува во тоа да ја убеди широката публика. Сега за сега е успешен во тоа настојување.
⦁ Верба во луѓето. На Сони најбитни му се луѓето. Како вработените, така и добавувачите, соработниците, и пред се, и над се, клиентите. Овој бренд многу пати покажал дека во услови на криза попрво се откажува од профитот, отколку од вработените.
⦁ Негување на технолошки и ИТ-трендови. Да, брендот негувањето на трендовите го има издигнато на највисоко ниво. Неговите вработени први шетаа со вокмени и слушалки на ушите по улиците, создавајќи нов стил, нов тренд и нов фазон. Истото се однесува и за МиниДискот, и ПлејСтејшнот.
Факти за брендот:
Факт бр.1: Првиот производ на Сони беше уред за готвење ориз
Факт бр.2: Пред Вокменот да стане светско име, тој во САД беше претставен како саундабаут, Стовавеј во Велика Британија и Фристаил во Австралија. Ерата на вокменот траеше 30 години, па така од 2010 веќе не се произведува.
Факт бр.3: Сони Плејстејшн 2 на почетокот доминираше на пазарот на конзоли за игри со 70% од светската продажба, а подоцна на оваа конзола и се приклучија Плејстејшн 3, 4 и 5..
(продолжува)
Сотир Костов
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бренд концепти: СОНИ – Приказна за пионерски…
Бренд концепти(14.) Сони: Приказна за пионерски бренд(прв…
Еден Стpaтег, една Струмичка Барбика и немopaлна…
Колумната е кратка приказна за селските и…