Објавено на:

Брзата реакција е најважна: Теренски вежби на Противпожарната бригада на Градот Скопје по повод 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес

t

Брзата реакција при катастрофи, безбедноста и сигурноста на граѓаните се меѓу приоритетите на Градот Скопје, а тоа на терен секојдневно го докажуваат пожарникарите од скопската Противпожарна бригада кои несебично се вложуваат за да спасат човечки животи и јавни добра.

Град Скопје, Противпожарната бригада на Градот Скопје, Службата за заштита и спасување и Црвениот крст на Град Скопје денеска учествуваа во теренски вежби во спортско-рекреативниот центар „Сарај“ заедно со Специјалната единица за одговор при катастрофи од Солун.

Теренските вежби за пребарување и спасување под урнатини се дел од обуките кои се одржуваат по повод 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, а се важни за континуирана професионална обука на нашата бригада која секогаш брзо и навремено реагира во заштита на безбедноста и сигурноста на сите нас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Агроплод Ресен” незаконски стопанисува со автокамп кој…

Левица денес објавува докази за сериозниот криминал…

САД повторно ги отвораат студентските визи –…

Американската амбасада во Скопје информира дека наскоро…

САД ја продолжија вонредната состојба во врска…

Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна…

Зеленски: Му ја објаснив ситуацијата на бојното…

краинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша својот…

Внимавајте денеска пеколно жешко – Температурите ќе…

Граѓаните на Македонија, а особено скопјани, денеска…