САД повторно ги отвораат студентските визи – со строга проверка на социјалните мрежи
Американската амбасада во Скопје информира дека наскоро ќе започне повторно постапката за аплицирање за студентски визи. Според новите правила, ќе се спроведува детална проверка на апликантите, кои ќе треба и да ги направат своите профили на социјалните мрежи јавно достапни.
„Стејт департментот е целосно посветен на заштитата на нашата земја и нашите граѓани, придржувајќи се кон стандардите за национална и јавна безбедност преку процесот на издавање визи. Американската виза претставува привилегија, а не право. Во процесот на проверка ги користиме сите достапни информации со цел да ги идентификуваме лицата на кои им е забранет влез во САД, вклучувајќи ги и оние што претставуваат ризик за националната безбедност“, се наведува во соопштението на Амбасадата на САД.
Во рамки на овие заострени мерки, ќе се проверува и онлајн активноста на секој студент и учесник во програми за размена, а кандидатите ќе мора да ги прилагодат поставките за приватност на нивните социјални профили за тие да бидат достапни за преглед.
„Секоја визни одлука е во суштина безбедносна одлука. Соединетите Американски Држави мора да пристапат внимателно кон процесот на издавање визи, со цел да се осигурат дека апликантите немаат намери што би можеле да им наштетат на Американците или на нашите национални интереси“, додаваат од Амбасадата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…