Брза реакција на полицијата: Пронајдено киднапираното дете од Ѓорче Петров
Полициски службеници од СВР Скопје денеска ја лишија од слобода С.С. од Скопје, набрзо по добиена пријава околу 11.30 часот дека одземала бебе од Ѓ.М., која, според пријавеното, бебето го оставила пред маркет во Градски трговски центар во Скопје. Детето и С.С. се пронајдени на територија на Ѓорче Петров и С.С. е приведена во полициска станица.
Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и известен е јавен обвинител. Извршен е разговор со сопругот на пријавителката, како и со возачот на такси возилото со кое С.С. заминала кон Ѓорче Петров. Против С.С. ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство и таа по брза постапка ќе биде изнесена пред надлежен судија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изгаснат пожарот во станот во Ѓорче Петров
Пожарот кој се случи во станбената зграда…
Позитива на денот: Озан се родил на…
Во прегратките на своите родители, вчера по…
Таткото на исчезнатиот Самоил: Се сомневаме дека…
Помина година дена од исчезнувањето на Самоил…
13-годишно девојче киднапирано и силувано од двајца…
Двајца мажи се уапсени под сомнение дека…
УЖАС: Маж држел како робови возрасен човек…
34-годишен маж од Србија е обвинет дека…