Брза реакција на полицијата: Пронајдено киднапираното дете од Ѓорче Петров

t

Полициски службеници од СВР Скопје денеска ја лишија од слобода С.С. од Скопје, набрзо по добиена пријава околу 11.30 часот дека одземала бебе од Ѓ.М., која, според пријавеното, бебето го оставила пред маркет во Градски трговски центар во Скопје. Детето и С.С. се пронајдени на територија на Ѓорче Петров и С.С. е приведена во полициска станица.

Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и известен е јавен обвинител. Извршен е разговор со сопругот на пријавителката, како и со возачот на такси возилото со кое С.С. заминала кон Ѓорче Петров. Против С.С. ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство и таа по брза постапка ќе биде изнесена пред надлежен  судија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петгодишно дете паднало од блакон, итно пренесено…

Петгодишно дете се здобило со повреди откако…

(Видео) Шокантен обид за киднапирање на дете…

Во Бергамо, бездомник од романско потекло се…

Се огласија од тимот на Кајмакоски: “Веста…

Утрово српските медиуми објавија вест дека македонскиот…

Киднапирање во Штип: И жртвата и напаѓачката…

Објавени се деталите за случајот со киднапирање…

Изгаснат пожарот во станот во Ѓорче Петров

Пожарот кој се случи во станбената зграда…