Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

t

Албанија ќе го отвори Кластерот 4 на шестата конференција за пристапување кон ЕУ на 16 септември, објави Советот на ЕУ.

Кластерот 4 – Зелена агенда и одржлива поврзаност, ги вклучува поглавјата 14 (транспортна политика), 15 (енергија), 21 (трансевропски мрежи) и 27 (животната средина и климатските промени).

Албанија од октомври минатата година до мај оваа година отвори четири кластери – 1 (фундаментални), 2 (внатрешен пазар), 3 (конкурентност и инклузивен раст) и 6 (надворешна политика).

Ова значи дека за само осум месеци отворила 27 поглавја од преговорите.

Единствениот кластер што остана неотворен е Кластерот 5, кој се занимава со ресурси, земјоделство и кохезија.

Албанија аплицираше за членство во ЕУ во 2009 година, доби статус на кандидат во 2014 година, а првата меѓувладина конференција меѓу Европската Унија и Албанија се одржа во 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ –…

Албанија ќе го отвори Кластерот 4 на…

Трамп изјави дека ја решил војната меѓу…

За време на гостување на Fox News…

Еди Рама ја претстави „Диела“ – виртуелната…

Во новиот состав на владата, премиерот Еди…

Во Брисел нова рунда од дијалогот Белград…

Во Брисел денеска е планирано одржување нова…

Орбан повика на бунт против Брисел

Унгарскиот премиер денес му се заблагодари на…