Во Брисел нова рунда од дијалогот Белград – Приштина

t

Во Брисел денеска е планирано одржување нова рунда од дијалогот на Белград со Приштина. Делегацијата од Белград, предводена од директорот на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово и Метохија и главен преговарач на техничко ниво, Петар Петковиќ, синоќа пристигна во Брисел.

Претходната рунда дијалог се одржа на 10 јуни, по што главниот преговарач на Косово, Бесник Бислими, го обвини Петковиќ за давање лажни изјави по состанокот.

Тој исто така изјави дека на 10 јуни, „т.н. Канцеларија за Косово“ објавила соопштение во кое, меѓу другото, било наведено дека „за време на трилатералниот состанок во Брисел со Приштина и со посредство на ЕУ, делегацијата на Белград инсистирала на формирање на ЗСО, како и презентирала план за намалување на тензиите…“

Состанок на специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Петер Соренсен, и главните преговарачи на двете страни, Петковиќ и Бислими, се одржа на 10 јуни во Брисел. Тоа било првпат тие да седнат на иста маса од крајот на декември 2024 година

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уште еден српски функционер оди во притвор!

Судија за претходна постапка од Посебното одделение…

Народната банка на Србија: Динарот е стабилен,…

Курсот на српскиот динар е стабилен, а…

30 дена притвор за командантот Жмириќ и…

Судија на претходна постапка им одреди притвор…

Србија купува шест борбени авиони од Чешка,…

Чешката Република ѝ продаде на Србија шест…

Универзитетот во Белград алармира: БИА речиси една…

Универзитетот во Белград изрази загриженост поради сознанијата…