Брисел ѝ нуди на Србија понижувачко решение за Косово што не може да го прифати?

t

На Србија и е понудено понижувачко решение на состанокот што Европската унија го свика со српскиот претседател Александар Вучиќ и Албин Курти утринава во Брисел, вели извор запознаен со преговорите.

Со предложеното решение, треба да се дерогира од Бриселскиот договор, кој Србија, според извор на „Блиц“, не можела да го прифати.

– Според сите проценки, нè очекуваат тешки и неизвесни денови, особено на северот на Косово – вели изворот.

Според информациите, претседателот Вучиќ најверојатно вечерва ќе им се обрати на граѓаните.

Жозеп Борел, високиот комесар за надворешна политика на ЕУ и Мирослав Лајчак, специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог, прво се сретнаа со Курти, а потоа со Вучиќ.

Фокусот на состаноците е изнаоѓање излез од актуелната криза и избегнување на каква било ескалација и тензии на теренот, со акцент на прашањето за регистарските таблички, соопшти Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

По одделни средби треба да следи заедничка средба, се вели во соопштението за медиумите од Брисел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…

За време на официјалните разговори во Каиро,…

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…

Србија е загрижена поради поддршката на Црна…

Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…