Објавено на:

Британија доставила 10-тици Сторм Шедоу: Ракетите биле доставени пред зеленото светло за напад во Русија

t

Британската влада тајно ѝ испорачала десетици крстосувачки ракети „Сторм Шедоу“ во Украина уште пред Киев да ја добие дозволата од Белата куќа да ги користи ракетите за вели во Русија, тврди агенцијата „Блумберг“.

Според медиумот, првите испораки на проектилите биле извештени пред неколку недели. Киев искористи „Сторм Шедоу во регионот Курск.

Соговорниците на „Блумерг“ одбија да кажат кога и колку проектили точно пристигнале, алудирајќи на потребата да се чуваат такви податоци поради општата ситуација во врска со војната.

Се посочува дека Киев ги побарал ракетите кога останал без проектили со долг дострел.

Украина употреби ракети АТАКМС и „Сторм Шедоу“ веднаш откако доби зелено светло за напади на руска територија со американски и британски ракети со долг дострел.

Русија одговори со истрелување на новата хиперсонична балистичка ракета „Орешник“ која е со среден дострел.

Францускиот весник „Монд“ вчера објави дека францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер ја разгледуваат можноста за заеднички испраќање војници во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон му порача на Нетанјаху дека двете…

Францускиот претседател Емануел Макрон денес за време…

Спасовски: Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ,…

Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ Македонија…

САД ја продолжија вонредната состојба во Западен…

САД ја продолжија националната вонредна состојба во…

„Пиреj” на Петре М. Андреевски номиниран за…

Романот „Пиреј“ на Петре М. Андреевски преведен…

Српската полиција уапси шест лица за „планирање…

Српското Министерство за внатрешни работи вечерва објави…