Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

t

Британија денеска соопшти дека порано оваа недела два авиони на Кралското воено воздухопловство реализирале дванаесетчасовна мисија заедно со сили на САД и НАТО, патролирајќи долж границата со Русија по неколку неодамнешни руски упади на дронови и авиони во воздушниот простор на НАТО.

– Ова беше важна заедничка мисија со нашите сојузници од САД и НАТО, изјави британскиот министер за одбрана Џон Хили.

– Не само што ни овозможува важни разузнавачки податоци за зголемување на оперативната свест на нашите вооружени сили, туку истовремено испраќа и силна порака за единството на НАТО до рускиот претседател Владимир Путин и до нашите противници, додаде Хили.

Специјалниот британски извидувачки авион RC-135 Rivet Joint, специјализиран за електронско надгледување, и морнаричкиот патролен авион P-8 A Poseidon, во четврток летале од арктичкиот регион, минувајќи покрај Белорусија и Украина, со поддршка на американскиот авион за дополнување гориво во воздух KC-135.

Британија соопшти дека операцијата следела по упадите во воздушниот простор на земји членки на НАТО, меѓу кои биле Полска, Романија и Естонија.

Претходно овој месец, лидерите на Европската унија ги поддржаа плановите за зајакнување на одбраната на блокот од руските дронови. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британски авиони летале во мисија со САД…

Британија денеска соопшти дека порано оваа недела…

НАТО за турските дронови: Секоја воздушна активност…

Потребно е секоја активност во воздушниот простор…

Трамп воведува дополнителни 100% царина за увоз…

САД ќе воведат дополнителна царина од 100…

Путин: Русија и САД остануваат во рамките…

Русија и САД останаа во рамките на…

НАТО започнува голема нуклеарна вежба

Годишната НАТО-вежба за нуклеарно одвраќање Steadfast Noon…