Путин: Русија и САД остануваат во рамките на договореното во Алјаска
Русија и САД останаа во рамките на договорите постигнати на „самитот во Алјаска“, изјави рускиот претседател Владимир Путин. – пренесуваат медиумите.
Според него, Москва и Вашингтон имаат разбирање за тоа како да го регулираат конфликтот во Украина со мирни средства, но тоа се „сложени прашања“ кои бараат понатамошна работа и координација.
Тој исто така изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп искрено се залага за мирно решавање на кризата во Украина, нагласувајќи дека оваа цел е комплексна, но остварлива со политичка волја и сериозни преговори.
Запрашан да коментира за испораката на ракетите Томахавк на Украина и како Русија ќе реагира на ова, рускиот претседател рече: „Нашиот одговор е зајакнување на системот за воздушна одбрана на Руската Федерација“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…
Американските воени подготовки се во тек во…
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…