Британски разузнавачи: Путин “го прескокнува” Шојгу поради слабите резултати на фронтот
Британското разузнавање соопштува за маргинализирање на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, поврзано со проблемите во активностите на руските воени сили во Украина.
Според британското Министерство за одбрана, кое се повикува на информации објавени на независните медиуми во Русија, офицерите и војниците го исмејувале Шојгу поради слабиот напредок на руската армија на бојното поле.
Лондон соопштува дека и рускиот претседател Владимир Путин честопати го прескокнувал Шојгу во комуникациите, директно разговарајќи со оперативните команданти за случувањата на фронтот.
„Го исмеваат поради неговото неефикасно водство. Рускиот министер за одбрана долго време се бореше со лошата репутација поради значителниот недостаток од воено искуство, бидејќи поголемиот дел од својата кариера го помина во градежниот сектор и Министерството за вонредни ситуации”, се додава во извештајот на британското разузнавање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Потребен е силен 18-ти пакет санкции…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави…
Рускиот министер за финансии: Во Русија нема…
Во Русија нема рецесија, во тек е…
Ердоган: Трамп е подготвен да се приклучи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…
Трамп: Русите можеби имаат амбиции надвор од…
Тој повторно ги истакна нападите на САД…
Медведев: ЕУ е директна закана за Русија
Брисел денес е вистинскиот непријател на Русија,…