Објавено на:

Британски разузнавачи: Путин “го прескокнува” Шојгу поради слабите резултати на фронтот

t

Британското разузнавање соопштува за маргинализирање на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, поврзано со проблемите во активностите на руските воени сили во Украина.

Според британското Министерство за одбрана, кое се повикува на информации објавени на независните медиуми во Русија, офицерите и војниците го исмејувале Шојгу поради слабиот напредок на руската армија на бојното поле.

Лондон соопштува дека и рускиот претседател Владимир Путин честопати го прескокнувал Шојгу во комуникациите, директно разговарајќи со оперативните команданти за случувањата на фронтот.

„Го исмеваат поради неговото неефикасно водство. Рускиот министер за одбрана долго време се бореше со лошата репутација поради значителниот недостаток од воено искуство, бидејќи поголемиот дел од својата кариера го помина во градежниот сектор и Министерството за вонредни ситуации”, се додава во извештајот на британското разузнавање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ предлага санкции за една банка и…

Европската комисија предложила воведување санкции за една…

Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…

„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…

Русија подготвува нуклеарен сателит што може да…

Русија го завршила склопувањето на сателит опремен…

(Видео) Три руски ракети Х-101 експлодирале во…

Во Полска на 20 ноември експлодирале три…

НАТО денеска ќе расправа за нарушувањето на…

Претставници на 32-те земји членки на НАТО…