Бркотница како на филм во Скопје: Уапсени двајца државјани на Косово со осум мигранти од Кина

t

Двајца државјани на Косово се уапсени синоќа по драматична полициска потера на автопатот кај Скопје, откако биле фатени како превезуваат осум мигранти од Кина. Потерата, проследена со истрели, оштетени возила и урнати рампи, заврши кај излезот Визбегово, каде возилото излета од патот.

Како што информираат од МВР, уапсените се Г.Л. (24) и Б.Л. (18). Тие при бегство ја оштетиле рампата на наплатната станица во Градско, а во Катланово удриле во „Опел Инсигниа“ со странски регистарски таблички и мотоцикл со македонски ознаки. Потерата продолжила и во Петровец, каде што дополнително ја урнале и рампата на наплатната станица.

„На клучката за Приштина, возилото излетало од патот, по што еден од осомничените се обидел да побегне и физички нападнал полициски службеник. Со употреба на сила бил совладан и приведен“, соопштуваат од МВР.

Во обид да го запрат возилото, полициските службеници испукале предупредувачки куршуми, но никој не бил повреден. Двајцата осомничени се пренесени во полициска станица, а мигрантите се сместени во транзитен центар. Против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бркотница како на филм во Скопје: Уапсени…

Двајца државјани на Косово се уапсени синоќа…

Путин до Трамп: Што се однесува до…

Лидерот на Кремљ, Владимир Путин, ги даде…

Сиљановска – Давкова загрижена што дел од…

Денеска се одржа втората седница на Советот…

Словенија донесе одлука, да забрани, увоз, извоз…

Словенија стана првата земја во Европа која…

И официјално: Изет Меџити ќе трча за…

Попладнево од Влен соопштија повеќе имиња за…