Сиљановска – Давкова загрижена што дел од пожарите се подметнати, ќе ни помага и вештачка интелегенција во предвидување ситуации
Денеска се одржа втората седница на Советот за безбедност, а главна тема биле пожарите кои беснееја во Македонија.
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, по дво и пол часовна бурна дикусија рече дека пожари има секаде во регионот.Таа изрази загриженост што голем дел од пожарите се подметнати, но дека голем дел од постапките се во предистрага.
Претседателката најави измени на законската регулатива и следење со камери и дронови за да се лоцираат подметнувачите.
„Од Владата изложија низа мерки кои во иднина ќе ги применуваат, ќе се менува Законот за справување со кризи за да се оневозможи паралелно постапување”, рече Сиљановска – Давкова.
Потенцираше дека се ангажирани волонтери, приспособени се возила. Таа вели дека на седницата биле презентирани билтени од страна на нејзиниот претставник кои се испраќаат до надлежните институции, но на седницата било дискутурано дека многу ситуации може да се предвидат со помош на вештачката интелегенција.
Минатата година, рече, имало поголеми топлотни шокови, но годинава има институционална размена и можни се предвидувања на ситуациите.
„Пожарите се под контрола во овој момент, тоа не се должи само на ангажирањето на домашните ресурси кои се интегрирани, но имаме и европска помош.Останува дилемата што со намерно предизвиканите пожари, но јас не можам повеќе да зборувам за тоа додека нема докази и постапки”, изјави претседателката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Топ ченел: Претседателот на Советот на Чаир…
Форумот на исламската младина во Северна Македонија,…
Јаковлева: Агенцијата за разузнавање не најде информации…
Директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева,…
Имало решение: Девојчињата од Ѓорче Петров, кои…
На четирите тинејџерки против кои се водеше…
Граѓани снимиле камион како истура отпад кај…
Жители на скопската општина Аеродром реагирале откако…
За да нема голем ценовен скок на…
Владата ќе настојува струјата за македонските граѓани…