Брнабиќ: На ЕУ и САД им е јасно дека Курти не ги почитува договорите
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ денеска изјави дека на Европската унија и на САД им е „сосема јасно“ дека премиерот на Косово, Албин Курти, не почитува ниту еден договор и дека српскиот народ во Косово е во „исклучително тешка позиција“.
„Дури и германскиот пратеник за Западен Балкан и дијалог меѓу Белград и Приштина, Мануел Сарацин, во јули изјави дека српскиот народ екстремно страда на Косово и Метохија“, изјави Брнабиќ за телевизијата Пинк.
Посочи дека значително е зголемен бројот на луѓе од ЕУ и САД кои се загрижени „што ќе се случува во наредниот период“.
„Мислам дека се целосно свесни дека Албин Курти не само што ќе продолжи со провокациите, туку дека ќе ги подигне на ново ниво бидејќи времето полека му истекува. На сите им е јасно дека ништо не направил и дека нема никаква врска со Бриселскиот договор, не го споменува“, додаде премиерот.
Брнабиќ изјави и дека синоќа американската администрација испратила предупредување и потсетување дека Бриселскиот договор мора да се „имплементира“ и дека Заедницата на српските општини мора да се „имплементира“.
„Излезот од тоа Курти го гледа во предизвикување конфликт. И тоа им е јасно и очигледно на сите од САД и ЕУ, и тоа предизвикува голема загриженост. Нашата позиција нема да биде воопшто лесна. Септември ќе биде доста тежок во таа смисла“, рече таа.
На прашањето за Бледскиот стратешки форум, на кој учествуваше на еден од панелите, меѓу другите со Курти, Брнабиќ рече дека „страшно е чувството да седите со некој што го малтретира вашиот народ и не почитува никаков договор“ и потсети дека од почетокот на годината на Косово се убиени шест Срби.
„И тогаш имате личност која создаде атмосфера за такво нешто, експлицитно не само што дозволи, туку и поттикна ваков чин на насилство врз српскиот народ на Косово и Метохија и кој ви вели: „Ние сме лидери во областа на владеење на правото“, рече Брнабиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мали: Србија е на прво место по…
Министерот за финансии на Србија, Синиша Мали…
ТРАГЕДИЈА: Познат српски спортист се удави за…
Познатиот српски кросфит спортист Лазар Ѓукиќ се…
Србија ги прати во Косово посмртните останки…
Автомобилот со посмртните останки на Фатон Хајризи,…
Вучиќ: Не ми паѓа на памет да…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека…
79 години од бомбардирањето со атомска бомба…
Нагасаки денеска ја одбележа 79-годишнината од американското…