Брнз со зборовите на Бајден: Корупцијата е рак што ја јаде вербата на граѓаните и ги плаши инвеститорите

t

Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) денеска го одбележа завршувањето на шестгодишниот Проект за граѓанско учество, преку кој велат дека „се поттикнал и унапредил дијалогот меѓу граѓаните и владата за важни општествени прашања“.

Амбасадорката на САД во Република Македонија, Кејт Брнз, истакна дека се надева оти политичките лидери ќе сфатат колку е критично да се променат системите и структурите кои дозволуват штета предизвикана од корупцијата.

-Вие јасно го гледате патот на земјата кон ЕУ и препознавате што заслужуваат граѓаните на оваа земја. Се надевам дека лидерите на политичката структура ќе сфатат колку е критично да се променат системите и структурите кои дозволуваат корупцијата да предизвика таква штета. Како што рече претседателот Бајден: „Корупцијата е рак, рак што ја јаде вербата на граѓаните во демократијата, го намалува инстинктот за иновација и креативност… Го троши талентот на цели генерации. Тоа ги плаши инвестициите и работните места“. Постигнавме своевиден напредок, но има уште многу работа да се заврши и ние ќе продолжиме да ги поддржуваме граѓаните на оваа земја додека се справуваат со тешките реформи, за да се осигурате дека сите се еднакви пред законот и дека корупцијата нема да се толерира, рече амбасадорката Брнз.

Марк Дитрих, потпретседател на Институтот „Ист-Вест менаџмент“, посочи дека Проектот на УСАИД за граѓанско учество работеше директно со Владата на Македонија на реформите за антикорупција и транспарентност, под раководство на вицепремиерката Славица Грковска.

– Заедно воспоставивме основа за институционални промени во процесите и процедури за транспарентност, антикорупција и владеење на правото, особено во поглед на отворање на податоците на институциите кон јавноста. Во исто време, Проектот на УСАИД за граѓанско учество создаде побарувачка кај граѓаните за отворени податоци, како и за добро владеење, правично судење и учество на граѓаните. Позитивните подобрувања како ова не возбудуваат и ќе поттикнат надеж кај граѓаните на С. Македонија, но иако е постигнат значителен напредок на централно и општинско ниво, има уште долг пат да се оди. Ние во Ист-Вест менаџмент институтот ќе се обидеме да ја продолжиме нашата мисија во С. Македонија и да ги надградиме нашите успеси, достигнувања и партнерства, истакна Дитрих.

На настанот учествуваа претставници на државните институции, граѓанските и младински организации и млади лица кои биле партнери, соработници и корисници во рамки на проектот, и ги истакнаа успесите кои ги постигнале и реализирале со поддршката од УСАИД. Проектот за граѓанско учество го имплементираа Ист-Вест менаџмент институтот, во партнерство со локалните партнери – Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, Асоцијацијата за демократски иницијативи и Националниот младински совет на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски почна да ја сузбива корупцијата за…

Украинскиот претседател Владимир Зеленски го одобри новиот…

Вашингтон Пост: Украинците не сакаат да се…

Потенцијалните регрути често повеќе би сакале да…

Агелер: Ќе следуваат повеќе санкционирани, но факт…

Денешното именување на поранешниот вицепремиер за економски…

Министрите од регионот потпишаа изјава за борба…

Министрите за надворешни работи на Северна Македонија,…

На Русковска и нуделе функција да прекине…

Истите личности кои ми нудеа да бидам…