Давеник и за сламка се фаќа… Откако го обвинија за корупција, Ганиу вели дека Арсовска и Апасиев „ги дискриминираат Албанците во Чаир“
Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, кого деновиве скопската градоначалничка Данела Арсовска јавно го обвинува за корупција со дивоградби во Чаир, реагира на „изјавите и однесувањето на лидерот на Левица, Димитар Апасиев“, обвинувајќи го за „говор на омраза кон Албанците“ и за „директна соработка“ со Арсовска и Блерим Беџети.
Во објава на „Фејсбук“, Ганиу вели дека „тројката Апасиев–Арсовска–Беџети го држи Скопје во заложништво и ја казнува Општина Чаир, каде што живее албанско мнозинство кое не прифаќа политичко потчинување, туку бара достоинство и еднаквост“.
„Четири години без инвестиции. Ниту паркови, ниту улици, ниту почит. Само ароганција и институционална дискриминација. Во меѓувреме, Град Скопје има собрано над 18 милиони евра од даноците на граѓаните на Чаир и не вратил ништо за возврат“, пишува Ганиу.
Арсовска денеска поднесе кривична пријава и докази за наводните злоупотреби од страна на Ганиу. Таа вели дека чаирскиот градоначалник учествувал во коруптивни зделки за издавање градежни дозволи за згради за кои Градот Скопје дал негативно мислење. Арсовска деновиве се жалеше дека добива закани поради јавното откривање на криминалите на Ганиу.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ: Повторно се гради дивоградбата на државно…
„Повторно се изведуваат градежни работи на објектот…
Мицкоски: Ги повикувам сите граѓани кои им…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во интервју…
Меџити: Чаир е само шеста општина во…
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, на…
СДСМ: Во Чаир законите не важат
Изјава, на Кети Штерјова-Советничката од СДСМ во…
Опожарени три возила во Чаир
На 25.06.2026 околу 02:20 часот во СВР…