Брнз: Судството мора да биде целосно независно од политички или други влијанија
Мислам кога станува збор за борбата против корупцијата, мора да се гледа на целото општество и на целиот приод на Владата, рече американската амбасадорка Кејт Брнз во интервју за Телма.
– Секој дел од структурата е одговорен за борба против корупцијата и да се обезбеди дека тукашните институции се отпорни за да можат да ја потиснат корупцијата кога ќе ја видат или да не остават простор за таа да го исполни, вели Брнз.
На прашањето дека граѓаните ја губат довербата во инстутуциите и дали случајот со обвинителката Вилма Русковска ќе се реши во интерес на правдата и дека нема да има притисоци од политички авторитети, Брнз рече:
– Не би прејудицирала. Мислам дека е битно да се повтори дека е принципиелно за правосудниот сектор да биде целосно независен од какви било политички или други надворешни влијанија, вели американската амбасадорка во заминување.
Таа како што е познато наскоро ќе биде заменета, а на нејзино место доаѓа Анџела Ангелер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поранешниот претседател на Уставниот суд, Мурати: Ветингот…
Ветингот треба да почне од политичарите, не…
Судскиот совет ќе превенира и открива корупција…
Судскиот совет на денешната седница ја усвои…
Брнз: Судството мора да биде целосно независно…
Мислам кога станува збор за борбата против…
Ветингот не се покажа како најдобра алатка…
Компаративните искуства покажаа дека ветингот не се…
Судовите не смеат да ја кријат својата…
Судовите не смеат да ја кријат својата…