Објавено на:

Бројот на загинати во разорните земјотреси во Турција и Сирија надмина 8.700 лица: Илјадници луѓе се под урнатините

t

Повеќе од 8.700 луѓе загинаа во разорните земјотреси што во понеделникот ги погодија јужните делови на Турција и Сирија. Сите очи се вперени во спасувачите кои се борат да ги извлечат преживеаните од урнатините. Помош пристигнува од целиот свет, а свој придонес има и Македонија.

Инфраструктурата во Турција е значително оштетена, гасот не работи, на приодите до најзагрозените места има огромни гужви, а на овој дел од земјата се спушта снежна бура, велат последните информации оттаму.

Турскиот кризен штаб соопшти дека во земјотресот во Турција загинале најмалку 6.234 лица, а повредени се 37.011 лица.

Во потрагата по преживеани учествуваат 79.000 луѓе.

Бројот на жртвите во Сирија надмина 2.500, покажуваат податоците на државните медиуми и спасувачките служби кои оперираат во делот од земјата под контрола на бунтовничките сили.

Во тој дел од земјата загинале 1.280 луѓе, а 2.600 се повредени.

Нема сомнеж дека бројот на жртви значително ќе се зголеми бидејќи стотици семејства се под урнатините.

Во делот од земјата под контрола на владините сили загинаа 1.250 лица, а 2.054 беа повредени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турција го блокира Инстаграм

Овој потег уследи по коментарите на турскиот…

Турција ќе ги заловува, но нема да…

Турскиот парламент усвои закон што налага сите…

Застрашувачка изјава на Ердоган: Турција би можела…

Турција би можела да влезе во Израел…

Силен земјотрес ја погоди Турција, се почуствува…

Земјотрес со размери од 4,8 степени според…

Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…

Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…