БРУКА ВО МВР: Поради Наим Рамука и Гаши сите полицајци на Блаце казнети на плата!

t

Никој не го „гиба“ Африм Гаши, ниту началникот на Центарот за гранични работи Север, Наим Рамука, ама затоа МВР и Тошковски удрија по полициските службеници кои работат на граничниот премин „Блаце“.

Се сеќавате на свадбарската тајфа на Гаши кој со службено возило отиде на свадба во Косово? Притоа по наредба на Наим Рамука никој не ги проверил патните исправи не само на Африм Гаши, туку без никаква проверка поминала и цела тајфа свадбари. И додека сите очекуваа Гаши и Рамука да сносат последици, единствени казнети се полициските службеници кои работат на граничниот премин „Блаце“. Како што дознава Инфомакс, сите службеници, не само оние кои биле на смена за време на настанот, комплето сите кои работат на граничниот премин се казнети со 20% кратење на нвната плата зза период од шест месеци.

И добро вика народната, кога не можеш по магарето, удри по самарот. Ниту Владата, ниту Мицкоски, ниту Тошковски не се осудија да го санкционираат Гаши за преминувањето преку граница без проверка, за користењето на службеното возило, за заканите со репетиран пиштол на главите на македонските полицајци. Никој не го „гиба„ Гаши, а повторно македонски полицајци сносат последици заради спикерот кој се замислува султан и Рамука кој требаше досега да биде суспендиран од МВР, но никому ништо…

Како што дознава Инфомакс од сопствени извори, Рамука веќе има две дисциплински постапки и мерки во Министерството за внатрешни работи. Според нашите информации Рамука прикривал предмет за лични придобивки, но очигледно нема никаква разрешница бидејќи истиот во меѓувреме е унапреден на позиција началник на Центарот за гранични работи Север. Три дисциплински значат и разрешување, што би значело дека МВР најпрво треба да поведе дисциплинска постапка за Рамука, а потоа истиот да биде и разрешен од функцијата.

Инфомакс претходно објави дека спикерот Гаши го злоупотребил службеното возило и заедно со целосно обезбедување го поминал граничниот премин Блаце за да оди на свадба во соседно Косово. Подоцна СДСМ сподели информации дека заедно со Гaши границата без евиденциja и проверка ја поминале и сите од свадбарската тајфа.

Кузеска истакна дека „под притисок на СДСМ, Панче Тошковски ги потврди сите објавени информации за скандалот со свадбената поворка на Африм Гаши и пропустите на граничниот премин Блаце. Вчера, СДСМ им даде рок од 24 часа на Тошковски и МВР да бидат чесни и да објават како дошло до овој скандал и кој е вистински одговорен за тоа.

„Наместо Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ да се охрабрат, кога веќе секако се фатени во скандалот и мораа да го признаат, тие се обидуваат одговорност да му ја натоварат на раководителот на смена на граничниот премин Блаце. Овој човек не е тој кој дал наредба да бидат пропуштени Гаши и сватовите без контрола“, беше истакнато на прес конференцијата.

Од СДСМ прашуваат зошто Тошковски сака да го заштити Наим Рамука и го „мести“ раководителот на смена? Дали Тошковски повторно ќе се обиде да излаже и да го заштити својот нов началник на сметка на чесни луѓе кои си ја работат работата? До кога ќе траат лагите на МВР и ВМРО-ДПМНЕ? Ќе си поднесе ли конечно Тошковски оставка?

Според СДСМ, ова е голем скандал кој не значи само тешка злоупотреба на граничниот премин, туку и своеволие, прекршување на законите и потенцијлно направени кривични дела кои допрва треба да се истражуваат.

„Безбедноста на границите ни е нарушена а граничната контрола целосно суспендирана и ставена под партиска команда на ВЛЕН и ДПМНЕ. Ова е недозволиво и опасно за државата членка на НАТО. Време е за одговорност, онаму каде што вистински е лоцирана, почнувајќи од министерот Тошковски па се до крај“, беше потенцирано на пресот.

СДСМ прашува уште колку вакви примери има на злоупотреби, за пропуштање на возила и лица на граничниот премин без контрола и затоа упатија неколку барања.

Бараме целосно да се декласифицираат и да се објават снимките од граничниот премин Блаце за време на целиот ден.

Граѓаните да видат кој се поминал без контрола но и да се види дали и други возила се пропуштаат на граничниот премин Блаце.

Според СДСМ, тоа ќе биде основа и за истражните органи да постапуваат.

Од оваа партија побараа Тошковски да си даде оставка, затоа што, според СДСМ, на тој начин ќе остави простор истражните органи, Јавното обвинителство, во транспрентна постапка и без притисок да ја утврди одговорноста на сите инволвирани во овој голем скандал.

Третото барање на СДСМ е апел до ОЈО да отвори детална истрага и овој скандал да има разрешница затоа што секој што го прекршил законот мора да одговара, порачаа од партијата.

Инаку, ова е втор сериозен скандал на спикерот Гаши кој претходно го испрати своето обезбедување да изврши притисок врз македонската полиција на скопскиот аеродром да ја пропушти Вјоса Османи без проверка на багажот, иако по првичното скенирање било забележано нешто што не е во ред. Обезбедувањето на Гаши им се заканувало на македонските полицајци со репетиран пиштол на глава, а за среќа настанот помина без жртви или повредени лица.

Коалиционите партнери на ВРЕДИ, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ наместо да ги осудат овие скандали, ги заташкуваат пред очите на македонската јавност.

Левица поднесе интерпелација за спикерот Гаши која е закажана за трети септември, но истата е скоро сигурно дека нема да успее затоа што од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека нема да гласаат против Гаши бидејќи бил подобар од Талат Џафери…

Во меѓувреме, Гаши целата одговорност за настанот на Блаце ја префрли на Тошковски. Спикерот на брифинг со новинари истакна дека тој „не може да застане да бара пасоши на граница“ и дека требало полицијата да си провери кој каде оди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

БРУКА ВО МВР: Поради Наим Рамука и…

Никој не го „гиба“ Африм Гаши, ниту…

Го осудиле за фалсификат диплома, ДПМНЕ го…

Владата се чини дека „не знае кај…

Најбогатиот цариник ќе стане втор заменик директор…

Само во Македонија, една институција има 11…

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ повторно против себе, набавката на…

Нов ден, нов доказ дека ВМРО-ДПМНЕ се…

Граѓаните го „злоставија“ Мицкоски на социјалните мрежи…

Изјавата на премиерот дека македонскиот народ мора…