Брука: Деца и родители се тепале во Струга, обвинение за пет лица

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против пет лица за кривично дело – Учество во тепачка од член 132 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Настанот се случил на 17.08.2023 година, кај луна-парк на улицата “Партизанска”, каде најпрво две 16-годишни деца започнале меѓусебна расправија и тепачка. Се вклучиле родители на двете деца и други роднини од двете страни, а физичката пресметка кулминирала така што едно од децата се здобило и со тешки телесни повреди од удари со тупаници – скршеници на вилица, контузии на главата и телото, подливи и посекотини.
Еден од обвинетите во моментов извршува функција државен правобранител за подрачјето на Струга.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична пријава против шест лица од Охрид…
СВР Охрид поднел кривична пријава против В.А.(53)…
Тројца малолетници со пиштол нападнале и ограбиле…
СВР Битола поднесе известување против двајца малолетници…
Девојче е првото родено бебе во Струга!
Женско е првото родено бебе во Новата…
Утре пресуда за родителите на монструмот од…
Суд во Белград утре се очекува да…
Регрутирале за ИСИС, планирале терористички напади: ОЈО…
По неколкумесечна предистражна постапка на јавен обвинител…