Брутално ја претепал, па ја убил: Ова се последните зборови на убиената Невзета

t

Полудениот убиец Нермин Сулејмановиќ денеска во Градачац брутално ја убил својата невенчана сопруга Невзета Хеќимовиќ.

Брутално ja претепал, па ја убил – Нејзиното убиство го пренесуваше во живо на Инстаграм. Тој најпрвин брутално ја претепал сопругата, а потоа ја снимал крвава и со бројни повреди додека таа седела пред куќата, вкочанета од ударите, а лицето изобличено од повредите.

Убиецот потоа го зел пиштолот, а во позадина на видеото се слуша како плаче дете. Сулејмановиќ потоа ја снима својата тешко повредена сопруга со зборовите „види, кога си имаш работа со +**** која те пријавува во полиција“. Како што можеше да се види на вознемирувачкото видео, тој ја прашал несреќната жена зошто го пријавила во полиција, а таа му одговорила дека се плаши за себе и за детето.

„Се плашев за себе и за детето“ -Се плашев, се плашев за себе и за детето – изјавила низ голема мака, по што убиецот ладнокрвно и пукал во главата.

Да потсетиме, во крвавиот поход на Нермин Сулејмановиќ беа убиени Невзета Хеќимовиќ, невенчаната сопруга на Сулејмановиќ, потоа Ондер Џенгиз и Денис Џенгиз, татко и син, турски државјани.

Ранети се полицаецот Хусеин Коториќ и граѓанинот Недим Памуковиќ, како и Хариса Џенгиз, сопруга на Ондер Џенгиз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Родителите од Кочани официјално побараа средба со…

Семејствата и родителите на починатите во пожарот…

Пакистан ги затвори сите гранични премини со…

Пакистан ги затвори сите гранични премини со…

Евростат со поразителни податоци за Македонија: Втора…

Согласно најновите податоци на Европската агенција за…

Полицаец издавал службени тајни од МВР по…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

Левица предлага намалување на работното време од…

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…