Објавено на:

Бугарин, Украинец и Германец уапсени за морничавиот настан со ковчезите пред Ајфеловата кула во Париз

t

Бугарин и уште две лица се приведени во Париз откако оставиле пет празни ковчези во близина на Ајфеловата кула со натпис: „Француски војници кои загинаа во Украина“, пренесува „Либерасион“.

Луѓето кои работат на култната туристичка локација во француската престолнина вчераутро ги забележале дрвените ковчези, кои се испоставило дека биле исполнети со гипс.

Во врска со случајот, три лица – Бугарин, Украинец и Германец – се приведени под обвинение за „насилство со умисла“, соопшти обвинителството во Париз. Таа започна истрага за можно странско мешање, пренесе БНТ.

„Фигаро“ пишува дека Бугаринот е возачот на комбето што вчера ги донесе Украинецот и Германецот, како и ковчезите во Париз. Човекот тврди дека пристигнал завчера од Бугарија.

Другите две лица се приведени додека се качувале во автобус за германската престолнина Берлин.

Неодамна, се зголемуваат предупредувањата за руското мешање во Европа, вклучително и на изборите. Лажни тврдења за присуство на француски војници во Украина, исто така, кружат оваа година, нешто што Париз го демантираше.

Инаку, дипломатите на почетокот на оваа недела изјавија дека Франција наскоро може да испрати воени инструктори во Украина.

На почетокот на минатиот месец, францускиот претседател Емануел Макрон ја повтори својата февруарска идеја за евентуално распоредување на западни трупи во Украина, доколку Русија постигне пробив на фронтот и Киев побара да бидат испратени војници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Париз се одржаа демонстрации за правата…

Неколку илјади луѓе се собраа денеска на…

Мицкоски го виде Џеј Ди Венс само…

Премиерот на Бугарија, Росен Желјазков, имаше кратка…

Пожар изби во Ајфеловата кула во Париз,…

Во тек е евакуација на Ајфеловата кула…

Унгарската амбасада во Париз добила закана за…

Персоналот на унгарската амбасада во Париз добил…

Со воз од Берлин до Париз за…

Берлин и Париз наскоро ќе бидат поврзани…