Бугарите пак плачат: Игравме фудбал во нехумани услови
Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров одиграа одличен натпревар и ремизираа со фаворизираната ЦСКА Софија (0-0) во второто претколо за пласман во Конференциската лига на УЕФА. Илиќ на средбата со медиумите одново се пожали на условите во кои се играше натпреварот..
„Никогаш не би барал алиби во тешкото време и терен кој е потесен, како и долгиот пат. ЦСКА требаше да игра поедноставно и побрзо, особено откако ривалот доби црвен картон. Сепак, се надевам дека следниот четврток ќе бидеме подобри. Можеме да зборуваме дека требаше да ги искористиме шансите, меѓутоа нема да зборувам ниту за тоа. Повеќе нема изразити фаворити во фудбалот, секогаш мора да си на ниво за да победиш.
Јас знаев дека Македонија Ѓорче Петров е дисциплинирана екипа која може лесно да ти направи проблем. Ни пречеше Лемос со неговата игра, а потоа по црвениот немавме преголеми проблеми. Разочарани сме како и фановите кои очекуваат многу повеќе од нас. Игравме во нехумани услови, на 40 степени и лош терен, ама тоа не смее да е алиби.
Имаме четири натпревари за десет дена, мора да ги користиме сите играчи кои ги имаме. Се надевам дека ќе покажеме друго лице, ЦСКА мора да игра многу подобро од денес. јас сум човек кој е многу искрен. Малку играчи денес покажаа добра партија. Иако времето беше тешко и спарно, тимот мора да покаже подобра игра и ниво повеќе“, изјави Илиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мелони предложи заедничка иницијатива за прекин на…
Италијанскиот премиер Џорџa Мелони предложи заедничка иницијатива…
Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…
Република Српска не го прифаќа британскиот план…
Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, изјави…
Нетанјаху не ја исклучува опцијата за атентат…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за…
„Нано-игла“ илјада пати потенка од човечко влакно…
Истражувачите од Кралскиот колеџ (King's college) во…