Бугарија бара сите прашања да бидат решени пред Македонија да почне преговори со ЕУ

t

Бугарија останува на ставот дека сака решавање на спорните политички прашања со Скопје пред почетокот на преговорите за членство во ЕУ, а тоа подразбира и промена на Уставот на Македонија и внесувањето на еден збор – Бугари, заедно со другите државотворни народи. За властите во земјава ЕУ-интеграцијата нема алтернатива, a двата преостанaти месеца од француското претседателство до Европскиот совет во јуни треба да се искористат за започнување на пристапните преговори.

Бугарскиот претседател Румен Радев вчера изјави дека европската перспектива на Република Македонија нема алтернатива и е стратешка цел на Бугарија, но оти, сепак, нејзината интеграција не може да се случи без претходно да се гарантираат правата на Бугарите во земјава и да се запре говорот на омраза.

Во изјавата дадена на отворањето на конференцијата „Европска перспектива за добрососедски односи меѓу Република Бугарија и Република Македонија“ која се одржа на денот кога се одбележуваат 119 години од смртта на Гоце Делчев, Радев посочи дека Бугарија сака да ги реши спорните политички прашања со Македонија пред почетокот на преговорите за членство во ЕУ, бидејќи во последните децении има многу случаи во односите во кои бугарската доверба, според него, не била оправдана од Македонија.

-Промената на Уставот на Македонија и внесувањето на еден збор – Бугари, заедно со другите државотворни народи, во земјата значи дека ја прифаќа европската идеја, смета Радев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пред 151 година од Солун во Велес…

На 9 април 1873 година од Солун…

Oваа камера ги фатила убијците на Данка

Во текот на истрагата полицијата ги проверила…

Десет пожари на отворено во изминатото деноноќие

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…

(Видео) Фатен на дело: Крадец на акумулатори…

Наш сограѓанин на социјалните мрежи објави видео…

Мбапе не се виде против Барса

Шпанските екипи Барселона и Атлетико Мадрид остварија…