Бугарија е гневна поради ветото за Шенген, најави контрамерки
Бугарија најави контрамерки доколку Холандија и Австрија стават вето на нејзиното влегување во Шенген, кажа вршителот на должноста премиер Галаб Донев.
Бугарија е гневна поради ветото за Шенген, најави контрамерки
Бугарија најави контрамерки доколку Холандија и Австрија стават вето на нејзиното влегување во Шенген, кажа вршителот на должноста премиер Галаб Донев.
EPA-EFE
Тој додаде дека се надева дека „здравиот разум ќе надвладее“ во преостанатите денови до гласањето.
Донев не прецизираше кои мерки би ги вовела Бугарија, но изјави дека „се надева дека нема да мора тоа да го направи“.
Според неофицијалните информации од Софија, доколку Холандија не го повлече својот приговор, Бугарија ќе ја блокира кандидатурата на Ханс Лајтенс за шеф на Фронтекс, европската агенција за гранична и крајбрежна стража, пренесува Еурактив.
Бугарските власти тврдат дека ставовите на холандскиот премиер и австрискиот канцелар се диктирани од внатрешни политички причини а не недостатоци во примената на шенгенските правила од страна на Бугарија, што Донев го оцени како „двојни стандарди“.
Министерот за правда на Бугарија Крум Жарков кажа за Еурактив дека бугарската закана е многу реална и дека сака да предизвика реакција на ЕУ, додека министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев искоментира дека Холандија ги „обесмислува правилата на ЕУ“.
„Главните забелешки на Холандија не се однесуваат на заштитата на границите, туку на примената на Механизмот за соработка и верификација, кој за Бугарија беше отфрлен во 2019 година, така што Холандија очекува извештај кој не може да го добие. Тој став ги обесмислува правилата на кои се заснова ЕУ“, кажа Демерџиев.
Советот на ЕУ треба на 8 декември да гласа за прием на Бугарија, Романија и Хрватска во Шенген зоната. Холандија силно се противи на пристапувањето на Бугарија, додека Австрија се противи на пристапувањето на Бугарија и Романија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Гајбата пред кооперација е поудобна од…
Претседателот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан…
Апасиев ги избрука! Не работи канцеларијата за…
ПОТЕМКИНОВИОТ СВЕТ НА ВМРОИДИТЕ (или "Како функционира…
Доаѓа невреме во Македонија
Во нашата Република Македонија се до петок…
Што се случува во РЕК Битола, врие…
Во моментов огромно полициско присуство има во…
Откако цела Македонија ги виде заканите кон…
Дел од родителите на починатите во трагедијата…