Бугарија е подготвена за реакција! Донев го свика Советот за безбедност поради руската мобилизација

Вршителот на должноста премиер на Бугарија, Гулаб Донев, за БНР најави дека ќе го свика Советот за безбедност на Владата за да донесе конкретни одлуки и мерки и дека неговата земја е подготвена за реакција, јави дописникот на МИА од Софија.
Според Донев делумната мобилизација што ја најави претседателот на Русија доведува до ескалација на тензиите и до фактот дека земјите во Европа и оние кои се блиску до конфликтот помеѓу Русија и Украина, да не знаат до кога ќе продолжат воените дејствија и со каков интензитет.
Донев денеска ги осуди потезите на Русија и ги нарече неприфатливи, особено не за една постојана земја членка на Советот за безбедност на ОН.
Бугарскиот министер за надворешни работи, пак, во своето обраќање пред ОН во Њујорк, изјави дека цпецијалната воена операција на Русија во Украина е “нелегална воена агресија”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарскиот МОЛ сака да ја купи рафинеријата…
Унгарската компанија за нафта и гас МОЛ…
Двајца Македонци фатени со 137 килограми марихуана…
Двајца државјани на Македонија се приведени на…
Љубчо Георгиевски на свое барање се сретнал…
Бугарскиот претседател Румен Радев го примил во…
Бугарскиот пазар полуде: Се нуди паркинг место…
Гаража или паркинг место за автомобил во…
Словенија испраќа војници во Бугарија со цел…
Словенечки војници ќе бидат испратени во Бугарија,…