Бугарија конечно избра претседател на Собранието, следува прв обид за состав на нова Влада
На десеттиот обид, Народното Собрание на Бугарија избра нов претседател. Наталија Киселова од БСП избрана за претседател на 51-то Собрание на Бугарија. Сега следува доделување на првиот мандат за состав на нова Влада, пренесува 4њуз.мк.
Денеска претседателот на Бугарија Румен Радев од Париз каде учествува на свеченоста за отворање на катедралата Нотр Дам изјави дека во вторник ќе го додели првиот мандат за состав на Влада, тој ќе го добие победникот на изборите односно ГЕРБ на Бојко Борисов.
Според него, консултациите ќе покажат дали има потенцијал за формирање на редовна Влада. Шефот на државата повика да не се губи надежта за редовна власт – неможноста за таква ќе значи колапс на 51-от парламент, а пред него има „ужасни многу задачи“.
Румен Радев на 9 декември во Стразбур ќе се сретне со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, како и со раководители на различни тела во рамките на најстарата европска политичка организација, основана по Втората светска војна и повикани да ја бранат правата на човекот, демократијата и владеењето на правото во европските земји.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Трамп му се обрати на светот:…
Целосен текст од говорот на американскиот претседател…
Иран официјално ги потврди нападите врз три…
Иранските власти потврдија дека три нуклеарни објекти…
Денеска се празнува Свети Кирил, архиепископ Александриски
По потекло благородник и близок роднина на…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…
Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…