Бугарија ќе го запре транзитот на руски гас

t

Бугарија ќе го запре транзитот на руски гас за краткорочни договори во 2026 година, како дел од планот на Европската унија за целосно прекинување на увозот на руски гас, изјави премиерот Росен Железков за бугарската новинска агенција БТА.

Европската унија првично планираше да го запре увозот на руски гас до крајот на 2027 година, со што ќе се прекинат децениските енергетски односи со земјата што некогаш беше најголем снабдувач на гас во Европа. Сепак, минатата недела, претставници на ЕУ изјавија дека блокот преговара за правен начин да се помести тој рок за една година. Предлогот за санкции на ЕУ сè уште бара едногласна поддршка од сите земји-членки. Унгарија и Словачка ветија дека ќе се спротивстават на новите санкции врз руската енергија.

„Како членка на ЕУ, ќе се придружиме на одлуката за суспендирање на договорите за користење или транзит на руски природен гас во 2026 година, на краток рок и на долг рок до 2028 година“, рече Жељажков во среда, пренесува Политика.рс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија ќе го запре транзитот на руски…

Бугарија ќе го запре транзитот на руски…

Руте: Потребен ни е „Ѕид на дронови“…

Иницијативата за создавање на „Ѕид на дронови“…

ЕСМ: Од 15 октомври официјално започнува грејната…

Од 15 октомври официјално започнува грејната сезона…

Уапсени двајца турски државјани во Скопје, му…

„На 29.09.2025 во 18:40 часот на подрачјето…

Орбан: Под изговор дека сака да ја…

Западот всушност планира да ја ограби Украина…