Руте: Потребен ни е „Ѕид на дронови“ за да го чуваме нашето небо безбедно
Иницијативата за создавање на „Ѕид на дронови“ е навремена и неопходна, затоа што треба да го заштитиме нашето небо и мора да го чуваме безбедно, изјави претпладнево генералниот секретар на НАТО, Марк Руте при пристигнувањето на седницата на Европската комисија посветена на одбранбени и безбедносни прашања.
– Во последните неколку недели видовме што се случи со беспилотните летала во Полска, со (авионите) МиГ-31 во Естонија, но и она што се случува сега во Данска. За Данска се уште проценуваме кој стои зад тоа, но кога станува збор за Полска и Естонија, јасно е дека тоа се Русите. Сепак, проценуваме дали е намерно или не. Но, дури и да не е намерно, тоа е неодговорно и е неприфатливо, рече Руте придружуван од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Според Руте, „Ѕидот на дронови“ е потребен и затоа што не може да се трошат милиони евра или долари за ракети за уништување на беспилотни летала, кои чинат само неколку илјади долари.
– НАТО и ЕУ имаат јасна поделба на обврските. НАТО е моќен во поставувањето стандарди и во целите на капацитетите, а ЕУ има огромна моќ на внатрешниот пазар, обезбедувајќи развиена одбранбената индустриска база и осигурувајќи дека парите и средствата се користат за да ја поддржат Украина, додаде Руте.
Тој истакна дека Украина е „нашата прва линија на одбрана“ и од поддршката за неа зависи и колективна безбедност.
– Клучно е Украинците да издржат во борбата, па затоа продолжуваме да ги поддржуваме, рече Руте додавајќи дека иницијативите за воена поддршка се важни за одбрана на Украина, но и за зајакнување на нејзината позиција во потенцијални мировни преговори.
– Тоа го правиме заедно на сите нивоа. НАТО и ЕУ работат заедно за да се осигураме дека максимално ја користиме и ја искористуваме силата на другиот во целиот овој потфат, додаде Руте.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична за полицаец кој удрил лице во…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
Мерџановски: Со владиниот авион во Скопје транспортиран…
Пациент од Скопје кој се здобил со…
Иран има шест услови за САД за…
Иран нема повторно да го отвори Ормутскиот…
Уличните кучиња го чинат градот 46 милиони…
Речиси 46 милиони денари, односно околу 750…
Пожар во село Чифлик – општина Сопиште,…
Голем пожар попладнево избувна на територијата на…