Бугарската царина заплени 35 пиштоли и 557.000 евра
Цариниците на граничниот премин помеѓу Бугарија и Турција, „Капетан Андреево”при контрола на комбе открија и конфискуваа 35 пиштоли и четири празни рамки за муниција, соопшти бугарската Царинска агенција.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, на граничниот премин „Капетан Андреево” пристигнал минибус со странска регистрација, управуван од 47-годишниот возач, кој сам патувал од Турција за Германија.
Шверцуваното огнено оружје е запленето, а против возачот е поднесена кривична пријава. Додека на бугарско-романската граница во камион царинарниците откриле 557.000 непријавени евра. Парите биле скриени во камионот што превезувал прехранбени артикли од Холандија во Бугарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарски Фактор: Шефот на Агенцијата за национална…
Директорот на Агенцијата за национална безбедност (НСА)…
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…
„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…
Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…