Бугарската царина заплени 35 пиштоли и 557.000 евра

t

Цариниците на граничниот премин помеѓу Бугарија и Турција, „Капетан Андреево”при контрола на комбе открија и конфискуваа 35 пиштоли и четири празни рамки за муниција, соопшти бугарската Царинска агенција.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, на граничниот премин „Капетан Андреево” пристигнал минибус со странска регистрација, управуван од 47-годишниот возач, кој сам патувал од Турција за Германија.

Шверцуваното огнено оружје е запленето, а против возачот е поднесена кривична пријава. Додека на бугарско-романската граница во камион царинарниците откриле 557.000 непријавени евра. Парите биле скриени во камионот што превезувал прехранбени артикли од Холандија во Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонско-бугарската историска комисија повторно без резултати: Нема…

Последниот состанок на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија…

Јотова и Радев криеле помилувања? Имињата се…

Во официјалниот регистар на помилувања што го…

Урсула фон дер Лајен следната недела во…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Касис понуди помош од ОБСЕ за Македонија…

Продлабочување на билатералната соработка, зајакнување на економските…

Муцунски: Работиме на дијалог со Бугарија, за…

Дијалогот што во моментов се води во…