Бугарскиот историчар Ќосев: Не може да има добри односи меѓу земјите ако Бугарија вели дека македонската нација е измислена
Во Клубот за бугарско-македонско пријателство има над 100 членови, изјави бугарскиот историчар Стефан Дечев, еден од основачите на клубот.
Клубот е граѓанска заедница на јавни личности од Бугарија и Република Македонија, формирана на 19 април годинава за да одговори на предизвиците со кои се соочуваат двете земји, рече Атанас Шарков, еден од основачите на клубот.Тој рече дека за време на комунизмот, тоталитарните режими во двете земји воделе многу тешка пропагандна војна еден со друг.По 1990 година, оваа војна всушност продолжи со различен интензитет, додаде Шарков.
Најави дека во рамките на Клубот ќе бидат формирани работни групи од експерти и професионалци за кохезија во различни области – култура, образование, наука, сајбер безбедност, заштита и борба против дезинформации, граѓанско општество, економија. Ќе биде формирана и комисија во сенка меѓу историчарите од двете земји, изјави Шарков, пренесува „Медијапул“.
Во моментов на сила е историската комисија, која беше формирана според Договорот за добрососедство во 2017 година, но се уште нема постигнато значајни резултати.
Меѓу основачите на Клубот се писателите Алек Попов и Чавдар Ценов, универзитетските професори Александар Ќосев, Ивајло Дичев и Маја Грекова, новинарите Бојко Станкушев, Иво Беров и Димитар Кенаров, експертот за одбрана Велизар Шаламанов, економистите Красен Станчев, Тевелиева Маевлева, а од македонска страна – филозофката Катерина Колозова, политикологот Љубчо Петковски, новинарите Марјан Николовски и Столе Наумов, историчарот Драган Зајковски, поранешните македонски премиери Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски.
Проф. Александар Ќосев, предавач по модерна културна историја на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“, чии корени потекнуваат од Дојран, рече дека бугарските влади во последните десет години направиле да се зголеми десеткратно бугарската фобија во Република Македонија.
Треба да гледаме на ситниците кои нѐ обединуваат, а не на она што нѐ разделува. Кога бугарските политичари велат дека нацијата е измислена, односите меѓу двете земји не можат да бидат добри“, рече Ќосев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…
Двометарски нилски крокодил живее во јама на…
Земјотрес во Бугарија
Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…
Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија
Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…
Македонија ја прегази Бугарија за финале на…
Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…
МНР: Очекуваме Бугарија да ги преземе сите…
Република Северна Македонија е силно посветена на…