Бугарскиот копретседавач со историската комисија: Гоце Делчев не јавал на коњ, а Скопје е иредентистички град на кичот – Недозволиво е Македонија да се повикува на нејзините етнички граници
Ангел Димитров, бугарскиот копретседавач со мешовитата историска комисија, во својата денешна колумна за БГНЕС пишува дека Трумфалната капија во центарот на Скопје е споменик на иредентизмот, додека Гоце Делчев и Даме Груев никогаш не јавале во костуми.
– Сепак, меѓу многуте споменици кои, според британски Гардијан, го претворија Скопје во „главен град на кичот“, преовладуваат оние поврзани со бугарската историја. А ги има десетици и нема промена на натписите.
Нема милост за Георги (Гоце) Делчев и Дамјан (Даме) Груев, кои во костими се качени на коњи што никогаш не ги јавале. Во Скопје ја имаат – ретко кој знае зошто – Триумфалната капија, која всушност е споменик на иредентизмот, бидејќи преку неа денешната република се поистоветува со целата географска територија на Македонија.
Наспроти оваа материјализирана позадина на проблемот со толкувањето на минатото во Република Северна Македонија, повеќе од јасно е дека нов почеток во меѓудржавните односи не само што е неопходен туку и неизбежен, пишува Димитров.
Тој ги повика Европската унија и САД да не ја критикуваат само Бугарија во преговорите со Македонија, бидејќи соседот, според Димитров, може да биде „тројански коњ“ на Москва.
– Од таква перспектива, дали Европската Унија и САД разбираат дека упатувајќи критики само кон Бугарија, тие всушност ја рехабилитираат Коминтерната, руските и српските интереси, Сталин и Тито и тоа идеолошко наследство кое е апсурдно далеку од научното прецизност, политичка коректност и европски вредности?
И дека држава која е генетски поврзана со Србија и Русија не може и не сака да им го сврти грбот? Во овој контекст, апсурдни се навестувањата дека позицијата на Бугарија им е на услуга, бидејќи Бугарија силно ја поддржа евроатлантската интеграција на Република Северна Македонија за да и помогне да излезе од старата југословенска комунистичка орбита. Инаку, Москва нема ништо против евроинтеграциите на Белград и Скопје, бидејќи – со оглед на нивното политичко наследство – тие ќе бидат толку потребните „тројански коњи“ во Европската унија, смета историчарот.
Извор: Фактор
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…
Се намалува цената на парното во Скопје
Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…