Бугарскиот МНР: Се надеваме на уставни измени во Македонија по изборите
„Искрено се надеваме дека сме поблиску до одржлив мир за Украина, иако руската страна дефинитивно не вложува такви напори и покрај непријателското расположение, засилено од нападите со беспилотни летала и ракети во последните денови“, изјавил министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев пред бугарските новинари во Луксембург, каде што учествува на состанок на неговите колеги од ЕУ.
Тој говорел и за македонското прашање. Како одговор на новинарско прашање, шефот на бугарската дипломатија навел дека, за жал, една од непријатните својства на изборите е тоа што се вадат на површина мислите и зборовите на политичарите, за кои веројатно подоцна ќе се покаат.
-Не треба да ги држиме нашите домашни политички предизвици како заложници на европската политика и меѓународните односи, побарал тој.
-Се надевам дека откако ќе завршат изборите во Македонија, страстите таму ќе стивнат и владата ќе може да се посвети на своите јасни обврски преземени во 2022 година. Бугарија нема промена во својата позиција, ниту причина за промена. Уставот на РСМ треба да се промени во сите негови делови, Бугарите мора да бидат вклучени, како прв чекор за започнување преговори, објаснил Георгиев, пренесува „БТА“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарскиот МНР: Се надеваме на уставни измени…
„Искрено се надеваме дека сме поблиску до…
Историски најниска излезност на локалните избори: За…
Одѕивот на изборите за градоначалници и советници,…
Бугарија „разочарана и збунета“ од изјавата на…
Бугарското Министерство за надворешни работи го повика…
Бугарија е лидер во ЕУ во собирањето…
Бугарија се покажува како лидер во ЕУ…
Бугарија ќе одобри нацрт-договор за железнички тунел…
Министрите во Бугарија ќе одобрат нацрт-договор меѓу…